12.8 C
Скопје
16:45 - 21 март, 2026

Направете си го денот поубав со овој РОЛАТ со суво овошје

Потребни состојки:

250 гр маргарин
250 гр шеќер
4 јајца
1 голема чаша мешано суво и јаткасто овошје
300 гр брашно
50 гр густин
1 прашок за пециво
1 мала чашка рум
сол (на врвот од ножот)
изрендана кора од лимон и портокал

Мерката за сувото овошје е голема чаша за чај 2.5 до 3 дл, но нема да погрешите и во случај да ставите повеќе. Користете го овошјето што најмногу го сакате. Комбинацијата е произволна и прилагодлива на вкусовите. Наместо маргарин можете да користете путер или мешавина од тие два продукти.

Подготовка:
Сувото овошје ситно исецкајте го и прелијте го со рум. Оставете го да се впие. Ако немате време, оставете го овошјето да отстои додека ги подготвувате останатите состојки. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Изматете го омекнатиот маргарин со шеќер, и тогаш додавајте едно по едно јајце. Во натопеното овошје додадете 50 гр брашно. Во останатото брашно (250 гр), додадете густин, прашок за пециво и сол и промешајте. Оваа мешавина додадете ја во изматените јајца со шеќерот и маргаринот.

Во соединетата смеса додадете ја мешавината од суво овошје, измешајте уште еднаш и сипете го во намастениот и попрскан со брашно калап за ролат. Калапот со тестото ставете го во загреана рерна, намалете ја температурата на 170 степени и печете од 70 до 75 минути (малку повеќе од еден час), на иста температура.

Секој шпорет, односно рерна поинаку работи, што значи температурата на рерната регулирајте ја според своето искуство за овој колач добро да се испече. Ролатот треба да се пече долго, бидејќи колачот треба да биде сув и цврст во средина, но да не прегори надворешно. Поради тоа е подобар кога малку ќе отстои. Кората треба да биде златно-жолта. За уште подобар вкус можете да го прелиете со чоколадо изрендано со кора од портокал.

Слични објави

Во пресрет на Младенци: Тајната на совршените „младенчиња“ – зошто се прават со мед и каква симболика носат?

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....