-4.2 C
Скопје
02:24 - 23 декември, 2024

Мудри замени: Вкусен и здрав оброк доцна навечер

Некогаш строгото придржување до рецептот воопшто не е пожелно, особено ако има опција за здрави варијанти на истото јадење.

Затоа не плашете се да направите мали промени кои нема да го сменат вкусот на јадењето, но ќе го направат повеќе здраво.

Наместо лебни трошки – овесни снегулки

Купените лебни трошки често можат да содржат висок процент натриум, па затоа е добро да ги замените со овесни снегулки, чија структура е многу блиска до онаа на лебните трошки. Освен тоа тие помагаат во намалување на нивото на холестерол. Овесните снегулки одлични се и за згуснување на јадењата или како состојка во месен ролат.

Наместо сол  – цитрусен сок

Кога јадењето е при крај наместо да го зачините со сол, употребете цитрусен сок. Имено, неколку капки од цитурс (лимон, лимета и сл.) ќе му дадат посебна арома на јадењето, а ќе го избегнете штетниот натриум кој го има во солта. Навикнете се и во другите јадења солта да ја замените со резанки лимон или лимета, на пример, кога јадете пилешко, риба, ориз или јадења од зеленчук.

Наместо путер – авокадо

Тенок слој пире од авокадо е одличен намаз кој му дава посебен вкус на сендвичот, а истовремено во организмот ќе внесете 75 калории помалку.

Наместо масло – јаболко

Половина од потребната количина масло заменете ја со рендано јаболко за да ги намалите калориите во колачите, мафините и сл. Јаболкото е одлична замена во рецептите за браунис и други чоколадни колачи.

Наместо бело брашно – интегрално

Во рецептите половина од белото брашно заменете го со интегрално. Со тоа ќе добиете здраво јадење, а нема да го смените неговиот вкус. 

 

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....