7.8 C
Скопје
09:05 - 31 март, 2026

Едноставна, а превкусна чоколадна торта од палачинки

Одлична торта од палачинки, со која ќе ги изненадите вашите сакани.

Потребни состојки за палачинките:

3 јајца

250 г брашно

200 мл млеко

прстофат сол

Потребни состојки за шлагот:

300 мл слатка павлака

3 лажици какао

3 лажици ванилин шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

2 лажички ликер од лешник

Потребни состојки за чоколадна глазура:

100 црно или млечно чоколадо

100 мл слатка павлака

1 лажичка ликер од лешник

Начин на подготовка:

1. За подготовка на палачинките најпрво измешајте ги јајцата, солта и млекото, а потоа мешајќи непрекинато додавајте го и брашното. Смесата оставете ја половина час да отстои, а потоа во врело тавче со малку масло за готвење, печете една по една палачинка.

2. Слатката павлака изматете ја во голем сад, спрема упатството на нејзиното пакување. Постепено додека матите додадете го ванилинот шеќер, а потоа и какаото. Додајте ги и ликерот од лешник и екстрактот од ванила и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

3. Редете ги палачинките една врз друга, а меѓу секоја мачкајте по еден слој од филот.

4. Чоколадото исечкајте го на коцкички и ставете го во сад. Слатката павлака ставете ја во лонец на оган додека не почне да врие, а потоа прелијте го чоколадото со неа. Веднаш почнете да мешате додека не добиете еднолична смеса, а на крајот додадете го и ликерот.

5. Глазурата истурете ја врз наредената торта, а дополнително тортата можете да ја декорирате со цели или мелени лешници.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....