18:24 - 2 април, 2026

Домашни солени стапчиња: Подобри од било кој пекарски производ! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Солените стапчиња можат да бидат многу повкусни доколку ги подготвите во домот според овој рецепт…

Потребно ви е:

За тестото:

– 200 мл млеко
– 1 јајце
– 1 жолчка
– 20 гр квасец
– 350 гр брашно
– 1 лажица шеќер
– 2 лажици масло
– малку сол

За филот:

– 200 гр меко сирење за премачкување
– 150 гр маслинки
– крупна сол
– црн сусам

Подготовка: Замесете тесто од наведените состојки, освен жолчката. Оставете го да одмори и нарасне и развијте кора со дебелина од 2 сантиметри во вид на правоаголник.

Премачкајте го тестото со сирење и посипете го со сецкани маслинки и црн сусам.

Исецкајте го тестото на ленти кои потоа ќе ги завиткате. Редете ги оформените ленти во подмачкан плех. Премачкајте ги со жолчка и посипете со крпна сол и ким. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да заруменат.

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо
Се вчитува....