16:32 - 31 март, 2026

Домашен ликер од грозје

Состојки:
1 килограм грозје по ваш избор
500 грама шеќер
1 лимон
1 мала лажичка цимет
1 литар ракија или вотка
100 милилитри вода
2 ќесички ванилин шеќер

Подготовка:
Секое зрно грозје убаво измијте го, а потоа пресечете го на половина. Добро измијте го лимонот и изрендајте ја кората, а сокот исцедете го.
Во поголема тегла ставете грозје, рендана кора од лимон, сок од лимон, шеќер, ванилин шеќер и цимет и сѐ убаво измешајте.
Смесата потопете ја со избраниот алкохол и со 100 милилитри ладна (зовриена и изладена) вода. Добро затворете ја теглата и оставете ја на темно и ладно место минимум 4 недели.
Потоа, процедете го ликерот и складирајте го во стаклено шише.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....