5.8 C
Скопје
21:41 - 6 декември, 2023

(Фото) Дворчето на Саве е атракција во Германија: „Ги сакам цвеќињата, ги сакам и луѓето“

Разговараме со струмичанката Саве Митева на нашата омилена тема – цвеќињата.

Саве е од Муртино, а нејзиниот сопруг од Босилово. Од пред седум години тие живеат во Маннхеим, Германија.

– Јас моментално не работам поради обврски со синчето, го испраќам и земам од учиилиште. Откако се преселивме тука, почнав да одгледувам цвеќинка, бидејќи терасичката беше тажна само со зеленило, па одлучив да ја развеселам – се смее Саве и додава – затоа кај нас преовладува шаренило од цвеќиња .Така нашето мини дворче стана мала атркција во нашето место на живеење, луѓето застануваат, разгледуваат, фотографираат…љубовта кон цвеќињата ја имам од секогаш и мислам дека не постои човек кој не ги сака цвеќињата- ни вели Саве.

Кој е одговорен за уредување на дворчето?

– За уредувањето на нашето дворче сум задолжена јас, секако тука е и мојот сопруг кога треба да се купат цвеќињаа, земја, саксии, кога треба да се направи некоја сталажа за цвеќињата…

Нашата терасиска како што јас си ја викам е околу 30м2 и уште 20тина м2 мала градина каде што имам посадено цвеќе во земја и цвеќе кое бара повеќе сонце.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Секое слободно време го поминувам со цвеќињата, од наутро обавезно ги поминувам сите и ги чистам од сувите цветови, доцна попладне ги полевам, а најмногу време ми треба кога ги прихранувам, отприлика 2 часа, бидејќи имам околу 500 саксии.

Кои цвеќиња доминираат?

– Најзастапени цвеќиња кај мене се воденките, секоја година ги садам и за мене се едни од најблагодарните цвеќиња, цело време си цветаат. Секако, имам и други, како сардели, дипладенија, каланхое, циклами, 1001 цвет, каранфилче…едноставно се што ќе видам сакам да имам (се смее, н.з). Имам и многу собни цвеќиња, повеќето од нив летно време ги чувам надвор. Морам да кажам дека бегониите ми се најомилено цвеќе.

Кои се најпогодни за сонце, а кои за под сенка? 

– Најпогодни за на сонце се сарделите, дипладенијата, 1001 цвет, петунии, а за места кои се во сенка најидеални се воденките. Мое лично видување е дека ни еднио цвеќе не сака цел ден да биде изложено на сонце, најпогодно место е шарена сенка.

Кој ви е најголемиот предизвик кога дворот е во прашање?

–  Хм, најголем предизвик, ако тоа се смета за предизвик, за мене е како да ги зачувам цвеќињата кога си доаѓаме еден месец во Македонија. Најчесто тоа е во август.
За тоа е задолжен мојот сопруг кој поставува систем за самонаводнување. Но сепак, тоа е долг период кога цвеќињата се оставени сами на себе и некои од нив не преживуваат.Но да сме здрави и живи, цвеќиња се купуваат.

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Мој совет до сите што сакаат да одгледуваат цвеќиња е воопшто да не се двоумат, тоа е најрелаксирачка работа. Со било кое цвеќе да започнат нема да погрешат. Јас научив многу работи за цвеќињата од групата Дворчето во која сум член, ги следам објавите и ги читам советите од членовите.

Инаку, Саве е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Македонски пресладок двор во Германија: Валерија ни покажа како да се уреди мал простор

 

Слични објави

Анџелина Џоли ја напушта глумата и заминува од „валканиот Холивуд“: Признава дека уште се опоравува од пеколниот развод

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац со новогодишна елка од подот до таванот: Целата блеска во злато

Еспресо

„Ме демне пред куќа“: Софија Вергара побара забрана за приближување на маж кој ја следи

Еспресо

Мишо Ковач излезе од болница, еве како се чувствува легендарниот пејач

Еспресо

Почина српската актерка Јелена Чворовиќ Пауновиќ, позната по улогите во „Среќни луѓе“ и „Семејно богатство“

Еспресо

Среќата ве следи: Три хороскопски знаци ќе се исполнат со радост до крајот на декември

Еспресо
Се вчитува....