14.8 C
Скопје
15:37 - 25 април, 2024

ЗОШТО ТРЕБА ДА ПОЈАДУВАТЕ ВО ТИШИНА: Дали тоа е новото необично чувство на слобода?

појадок

Има многу луѓе што не медитираат, па се обидуваат во другите делови од денот да бидат медитативни, вклучувајќи го и секојдневниот ритуал за кафе и појадок. Нивната техника?Појадување во тотална тишина. Истражувачите забележале дека луѓето кои појадуваат во тишина се чувствуваат поподготвени за претстојниот ден и прават поздрав избор на храна.

Јадењето во тишина е древна практика која потекнува од монашките заедници. „Будистите, келтските мистици, суфиите, ведските мистици“, вели Џини Воли, професор во меморијален центар за здравствена грижа во Америка.

Секој има компонента на тишината што е својствен дел од практиката“, вели таа.

храна

Џон Кабат-Зин основач на центар за здравје и грижа во 1979 година почнал да ги промовира и проучува придобивките од практики во секуларен амбиент.

Концептот за појадување во тишина е доволно едноставен: Фокусирајте се на вашата храна, тивко справете се со какви било мисли што ќе ви поминат низ главата во тие моменти. Иако изгледа едноставно, модерното време многу ги отежнува овие практики од кои се оддалечуваме, но не е невозможно.

Во многу од светските Центри за јога и здравје, „тивкиот појадот“ е постојано на менито. На секоја маса има знаци кои ги потсетуваат гостите дека појадокот треба да се јаде во тишина. Тоа практика на повторно поврзување со себе, секое утро. Од корист на вашиот ум и тело е да го започнете денот намерно, спокојно и благодарно.

појадок

За жал, нашето општество се потпира на сложеност и тешкотија, затоа што луѓето мислат дека така животот ќе има поголема „вредност“. А така само стануваме сѐ поотсутни и отуѓени. Иако секој од нас има моменти на нездрава рамнотежа помеѓу работата и животот, делумно од интернализирање на идејата дека треба да ја зголемиме продуктивноста по секоја цена.

„Како некој што речиси постојано зборува, идејата за наметнат молк се чинеше како казна“, рече Мелиса Клурман, новинарка, која минатата година за прв пат пробала „тивок појадок“.

Рави Кудесија, истражувач за совесност и професор по бизнис објаснува: „Една од смешните работи околу започнувањето ваков вид практика е дека кога ќе ги „замолчите“ надворешните звуци, ќе почнете повеќе да го слушате внатрешниот шум. Ако не сте навиканти на тоа, тоа може да ви биде неверојатно искуство. Клучната идеја тука е дека е подобро да го забележате шепотот пред да стане вресок“.

појадок

Честопати не можеме да се концентрираме, дозволувајќи му на нашиот ум да „трча“ низ неговите многубројни грижи и потсетници. Но луѓето кои почнале да ја применуваат оваа практика тврдат дека по неколку дена појадување во тишина, почнале да се слушаат себеси. Сопствените грижи и размислувања, фокусирајќи се на она што е пред нив, без вина, без обврска, без стрес. Ново, необично чувство на слобода.

Кога сме во тишина, нашите мозоци и тела реагираат слично како кога медитираме“, вели Лорајн Холиер,  клинички психолог. „Кортизолот, кој е поврзан со стрес, се намалува. Исто така, се намалува и крвниот притисок, стапката на дишење и срцевиот ритам. Може полесно да се концентрираме и да се потсетиме“, вели таа.

На многумина им е полесно да се „избегнат“ себе трчајќи низ сопствените животи. Но, пандемијата на коронавирусот ни покажа дека не е сѐ во наша моќ, дека нема да можеме да одиме каде што сакаме и многу помалку ќе правиме. Првиот состанок во денот, закажете си го со самите себе. Изолирајте се барем на кратко од неизбежните дигитални уреди.

појадок

За оние кои немаат многу време за себе поради грижа за децата или други обврски – не постои совршен начин како да го правите ова, а тоа не е ни поентата.

Поентата е да изберете ден или неколку дена во неделата и да се обидете кога е најдобро да ја интегрирате оваа практика во вашето секојдневие.

Доколку не сте во можност да појадувате сами, одвојте време барем да испиете еден чај или едно кафе во друштво на самите себе.

Слични објави

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо
Се вчитува....