19.8 C
Скопје
18:27 - 26 април, 2024

ТРИ НОВИ И ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА КОВИД – 19: Дали наскоро ќе бидеме надвор од опасност?

Unsplash

Доктор Ентони Фаучи во интервјуто што го даде за Си-би-ес пред неколку денови открил три важни работи што сите мора да ги запаметиме.

Во Америка има 700.000 смртни случаи од болеста ковид-19, а за жал, тоа не е крај бидејќи сите ние и понатаму сме во опасност од сојот делта, кој многу полесно  се шири, а најмногу ќе им наштети на луѓето што не се вакцинирани. Загрижен дека ќе следуваат уште поголем број смртни случаи, д-р Фаучи, главен советник на американскиот претседател и директор на Центарот за инфективни болести, пред три дена изјави дека има три важни известувања за сите нас, кои треба да ги прочитаме.

Прво предупредување: д-р Фаучи предупредува дека сојот делта е исклучително застрашувачки вирус

Веднаш на почетокот на интервјуто, тој изјавил дека станува збор за многу застрашувачки вирус од самиот почеток.

– Се разви до тој степен што сега се бориме против сојот делта, што е, пак, неверојатен сој во смисла дека станува збор за ист вирус освен што е способен да се шири екстремно брзо и успешно. За жал, сѐ што досега дознавме за сојот делта е дека ќе следуваат уште смртни случаи. Глобално ќе се појават уште инфекции, без разлика што и да правиме, но имаше ситуации кога можевме и подобри одлуки да донесеме. Мислам дека во моментов ситуацијата е многу подобра затоа што имаме можности кои се ефективни и сигурни, а тоа се вакцините. Иако можеме да бидеме горди, бидејќи голем број луѓе низ целиот свет сепак се вакцинираат, знаеме дека имаме 70 милиони луѓе што не се вакцинирале. Некои смртни случаи можеа да се спречат, но сосема е сигурно дека можеме да спречиме уште повеќе ако се вакцинираме – истакнува д-р Фаучи.

Второ предупредување: новата таблета против болеста е голема работа, но и понатаму треба да се вакцинирате

Д-р Фаучи се согласува дека ова е голем чекор, а станува збор за мала молекула, лек што може да се прима орално и објавените резултати од тестовите се секако импресивни.

– Ако ги погледнеме статистичките анализи, јасно е дека бројот на смртни случаи и хоспитализации ќе се намали и до 50 отсто. Важно е да се спомене дека постоеја две групи испитаници, оние на кои им беше даден лажен лек (плацебо) и оние на кои им се даваше вистинскиот лек. Се покажа дека во групата во која испитаниците го земаа вистинскиот лек немаше смртни случаи, а во втората група осум лица починаа од ковид. Како и да ја свртите оваа приказна, тој податок е импресивен. Секако дека сме возбудени што ќе ја имаме и оваа опција, сепак тоа не значи дека вакцината не е потребна. Таквите информации се погрешни, бидејќи мора да запомнете дека иако постои оваа нова таблета, наједноставниот начин да се избегне хоспитализација и смрт е токму вакцинирањето – заклучува д-р Фаучи.

Трето предупредување: дали наскоро ќе бидеме надвор од опасност?

– Секако дека работите се менуваат кога зборуваме за пандемијата, но веќе 20 месеци живееме со пандемијата која го достигна својот врв, па опаѓаше, па повторно пораст на бројките на заболени. За да можеме да здивнеме и конечно да кажеме дека сѐ е зад нас, потребно е да го направиме она што веќе го споменавме: да се вакцинираме. Кога имате 70 милиони луѓе во една земја кои смеат да се вакцинираат, но одбиваат да го направат тоа, јасно се гледа што е всушност опасната зона. Станува збор за нашата способност да обезбедиме еден вистински оптимистичен пресврт на ситуацијата, бидејќи сите сме имале можност да доживееме пресврти во бројот на заболените. И повторувам, ова може да се очекува ако сите се вакцинираме.

Слични објави

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо
Се вчитува....