16.8 C
Скопје
19:22 - 5 април, 2025

Зошто косата го губи сјајот?

Косата го губи сјајот првенствено поради оштетувањето на нејзиниот површински слој. За тоа можат да придонесат повеќе фактори:
Лошата исхрана – За косата да се развива како што треба, потребна ѝ е соодветна „храна“ богата со витамини. Ако внесувате малку витамини, виталните органи први ќе го земат тоа што им е потребно. Помалку важните органи и вашата коса ќе останат без својот дел и поради тоа сјајната коса нема да биде нешто со што ќе можете да се пофалите.

Доволното внесување на витамини и разновидната исхрана можат да ви овозможат да го повратите сјајот на косата. Истовремено избегнувајте пијалаци што го уништуваат нејзиниот сјај, како на пример претерана количина кафе и алкохол, а внесувајте доволно вода.

Лоши шампони – Колку навистина обрнувате внимание на тоа со што ја миете косата? „Паѓате“ на рекламата или навистина знаете што правите? Или уште полошо, го купувате кој било шампон бидејќи мислите дека не е важно каков е?

Околу 90% од шампоните се полни со сулфати што ја прават косата сува и ја оштетуваат нејзината површина и така убавата и сјајна коса полека но сигурно станува минато. Затоа бирајте природни шампони без сулфат.

Третирање со хемикалии – боите за коса, лаковите и другите препарати што ги ставаме на косата значително влијаат на квалитетот на косата и ја уништуваат кутикулата, па затоа косата го губи сјајот.
Топлина – Освен претоплата вода, феновите, пеглите за коса, фигарото и останатите апарати со кои ја „негуваме“ косата придонесуваат за губење на нејзиниот сјај.
Квалитетот на водата – Тврдата вода која ја има во повеќето домаќинства позната е по тоа што остава наслаги од каменец. Тие наслаги се јавуваат и на вашата коса, ги подикнуваат кутикулите и ја прават косата безживотна. Истото го прави и хлорот од базените.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Важноста од нефролошки преглед при СБМ

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо

Новости од Клиниката „Жан Митрев“: За 25-годишнината на Клиниката „Жан Митрев“ – 25 илјади нови садници

Еспресо