16:28 - 26 ноември, 2026

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

Актерката Анѓелка Прпиќ со својот сопруг Марко Жугиќ моментално престојува во Црна Гора, а друштво им прават колешката Анѓела Јовановиќ и нејзината мајка, легендарната Бранка Пујиќ. Како си поминуваат на овој заеднички одмор,  може да се види од фотографии на социјалните мрежи.

Анѓела најпрво ги улови Анѓелка и Марко како прегрнати позираат, додавајќи опис: „Убавици, гулапчиња“.

Анџелка Прпиќ со сопругот Марко: Фото/Инстаграм

Потоа, таа сподели и кадри на кои се гледа како нејзината мајка, Бранка Пујиќ, ужива во дегустација на морски плодови. Посебно внимание и емоции кај следбениците предизвика селфито на Анѓела со нејзиниот син, чие лице го прекри со емотикон во форма на сино срце.

Михаил Дудаш: „Мојата сопруга изгледа феноменално“

Иако Анѓела Јовановиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот атлетичар Михаил Дудаш, ретко зборуваат за приватниот живот, тој неодамна јавно ја пофали својата сопруга и истакна дека ѝ е најголема поддршка.

„Мојата жена е атрактивна и по породувањето изгледа феноменално. Имам максимална доверба во неа, ја сакам и за мене таа е најубава. Генерално, што и да облече, одлично ѝ стои“, изјави неодамна Дудаш за медиумите.

Судејќи по објавите, оваа весела екипа максимално ги користи сончевите денови за релаксација и семејно дружење на брегот.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо
Се вчитува....