14.8 C
Скопје
17:16 - 25 септември, 2026

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Прикажуваќи го полското веце во кое одел во тоалет, студената просторија каде што се капел и во зима, инфлуенсерот Александар Динев раскажа за скромните услови во кои растел во селото Балинци, Валандовско.

Познатиот млад инфлуенсер, во емотивно видео ги подотвори вратите на својот стар дом во Валандово, уривајќи ги предрасудите дека потекнува од богато семејство. Со солзи во очите ,тој раскажа за тешките почетоци и условите во кои пораснал.
​
​Иако денес живее динамичен живот исполнет патувања, Александар не ги заборава деновите кога основните потреби биле луксуз. Најболната точка на неговото детство бил фактот што неговото семејство немало внатрешна бања.

Фото/ТикТок принтскрин

​„Ова беше нешто од кое најмногу се срамев како дете – тоа што ние немавме купатило. Јас немав тоалет сè додека не наполнив 16-17 години. Одевме повеце тука, во ова полско веце“, признава Динев на ТикТок, покажувајќи кон старата дрвена градба во дворот.

​Најемотивниот дел на неговата посета беше средбата со неговите баба и дедо, кои сè уште живеат со спомените од неговото детство. Влегувајќи во скромната соба, Александар беше пречекан со неизмерна радост и прегратки.

​„Каде си бе, бабино?“, извика неговата баба низ солзи, додека дедото, видно возбуден, го поздравуваше својот внук на кого е неизмерно горд, а Динев се присети како му помагал околу чувањето кокошки.
​
​Неговата исповед открива и суровата реалност на секојдневната хигиена, која била вистински предизвик, особено во зимските месеци.
​„Можеби ќе се прашате каде се бањав? Еве тука, надвор. Не сте свесни колку пати тука ми има излезено змија. Морав од вториот кат да се симнам долу со лонец врела вода“, објаснува тој.
​
​Денес, неговите родители се преселени во Гевгелија, тој живее во Скопје, дел од братучедите му се во странство, а баба му и дедо му се само во куќата.

Фото/ТикТок принтскрин

„Душата ми е празна, нема кој да ми отвори врата“, вели бабата во видеото, момент кој го расплака Динев.

​„Многумина мислат дека сум некое размазено, богато детиште на кое родителите му купуваат сè, но тоа не е така. Доаѓам од доста сиромашно семејство. Сега, фала му на Бога, сме на многу подобро место“.

Фото/ТикТок принтскрин

​За крај, тој упати силна порака до своите следбеници:
​„Знам дека има многу полошо од ова, но знам дека има и многу подобро. Едно нешто е најважно – да не се срамиме од тоа што сме!“, рече инфуенсерот во овие видеа.

Слични објави

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо
Се вчитува....