0.8 C
Скопје
06:13 - 16 март, 2026

Сами направете си гел за туширање

Имате сува и испукана кожа? Постојано ја мачкате со скапи лосиони за тело, ама нема подобрување? Причини за сува кожа има многу, но некои од нив се сигурно поврзани со употребата на геловите за туширање.
Честопати иако на амбалажата пишува дека тие содржат мед или млеко, од овие продукти нема ни трага во составот на гелот за туширање.
Затоа можете сами да си направите гел за туширање на следниов начин. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:

Мед – медот е познат по бенефитите што ги има за кожата, првенствено за нејзина хидратација. Поради антибактериските особини, помага полесно да заздрават инфекциите на кожата. Можете да користите и органски мед за максимален ефект.

Маслиново масло – Користете органско масло за прихранување на кожата.

Течен сапун – Потребен е за гелот ефикасно да ја чисти кожата.

Етерични масла – Изборот на етерични масла е голем. Користете рузмарин или мента за антибактериски ефект или обидете се со лаванда за смирувачки ефект. Во секој случај додавањето етерични масла му дава пријатна арома на гелот за туширање. Само внимавајте, не додавајте голема количина, туку само неколку капки.

Метод за приготвување
Измешајте го маслиновото масло со етеричното масло што сте го одбрале. Потоа измешајте ги сите состојки во стаклен сад. Користете голема лажица за добро да се соединат состојките. Чувајте го гелот во затворена стаклена тегла на темно и ладно место.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо
Се вчитува....