3.8 C
Скопје
20:09 - 20 декември, 2024

Сѐ повеќе луѓе се жалат на иритации и акни – Несакани ефекти од носењето маски за кои малку се зборува

Носењето маски за лице е еден од ефективните начини да го намалиме ширењето на ковид-19, а тоа стана нашата нова норма па треба да се навикнеме да живееме со нив.

Но, тешко е да се игнорира дека носењето маска има и некои несакани ефекти, кои можеби веќе сте ги забележале и самите, а најчести се акните. За нив, во периодот на коронавирусот, дури е и измислен нов збор – маскне.

Постојаното триење на кој било вид ткаенина од кожата може да доведе до иритација. Кога на тоа ќе ги додадеме маслото, потта, нечистотијата и шминката што се насобира под маската, иритациите се неизбежни, особено на подрачјето каде што маската доаѓа во директен контакт со кожата. Причината зошто се јавува иритација е, пред сѐ, тоа што дишеме директно во маската, поради што во неа се задржува топлината.

Со часови на лицето

Многумина се жалат на акни, митисери, осип и други проблеми со кожата, кои можат да се поврзат со носењето маска, потврдува и најновата студија од Американската академија за дерматологија.

Не мора дури ни со часови да ја носите маската за да имате проблеми со кожата. Доволно е само неколку минути додека сте во продавницата. Сепак, најпогодени се оние што мораат да ја носат на работа повеќе од осум часа на ден. Кожата станува почувствителна и се јавуваат проблеми. Акните најчесто се јавуваат кај помлади луѓе, кои инаку се склони на тоа, во пределот под брадата каде што работ на маската се трие од кожата, велат дерматовенеролозите.

Проблемите се почести кај жените, особено кај оние со сува и чувствителна кожа. Кај мажите, кожата на лицето е многу подобра поради тестостеронот, поради кој и имаат поотпорна кожа.

Проблемот е што маската се става на лицето кое е хормонално активно. Со триењето по него се оштетува бариерата на кожата и се затнуваат порите. Со создавањето на влагата под маската, кожниот материјал во фоликулата набабрува и потоа се затнуваат лојните канали. Исто така, бактериите ја сакаат влагата што се создава под маската.

Секако е препорачливо да се избегнуваат синтетички маски, а иако некои препорачуваат маски направени од свила и сатен, дерматолозите со тоа не се согласуваат.

Овие материјали не можат да се перат на високи температури. Најдобро е да се користат памучни маски кои по секоја употреба мора да се исперат на минимум 60 Целзиусови степени. Тоа е температурата што ги убива повеќето грини.

Се препорачува да се мие лицето двапати на ден со средства за акни што не ја сушат кожата. Ако се појави проблем, препорачливо е да се третира само тој дел од лицето.

Кога станува збор за нанесување пудра на кожата која ја покриваме со маската, дерматолозите препорачуваат употреба на проверени и поквалитетни пудри. Би било уште подобро да се користат полесни тонирани кремови.

Најдобро е да ѝ се дозволи на кожата да дише, бидејќи маската секако делумно ќе ја отстрани пудрата. Навечер, неопходно е да се користат хранливи кремови.

Кремовите што ги нанесувате треба да бидат со супстанции кои ја закрепнуваат и обновуваат кожата, на пример со многу керамид, хијалуронска или салицилна киселина. Ако кожата е многу иритирана, може на неа да се стави малку паста од цинк. Има антиинфламаторно дејство и ја штити кожната бариера, посочуваат дерматолозите.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....