2.8 C
Скопје
18:04 - 20 декември, 2024

Хрватски научник пресмета колкави се шансите да починете од коронавирус

Хрватскиот научник д-р Игор Штагљар, специјализиран за молекуларна биохемија, одлучи да ја смири хистеријата поврзана со коронавирусот со јасни бројки. Самиот поглед кон нив сугерира колку е мала веројатноста да се разболите од него, а уште помалку и да умрете од него, пренесува РТЛ Хрватска.

„Светската здравствена организација (СЗО) објави дека има 79.300 заразени со Ковид-19. Од нив, огромното мнозинство 77.000 се во Кина, најголем дел од нив се во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека горенаведените 77.000 заразени сите се во Вухан“, напишал на почетокот д-р Штагљар, професор на Одделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто.

Вухан е важен затоа што е жариште на коронавирусот, што значи дека тоа е најопасното место на Земјата по прашање на можноста да се заразите од него, а со самото тоа и најдобриот пример за тоа што зборуваат бројките со кои д-р Штагљар располага.

Така, 0,7 отсто од популацијата на Вухан е заразена, а 99,3 отсто од населението во градот нема вирус. Зборувам за градот од каде што почна епидемијата! Исто така, да не заборавиме дека повеќе од 10.000 луѓе во меѓувреме го преболеле вирусот. Значи, сегашниот број на заболените не е 79.300, туку 79.300 минус 10.000 излекувани и минус 2.500 смртни случаи, т.е. во моментов има под 70.000 заразени, а не 79.300“, наведува Стаглар и продолжува за смртноста од коронавирусот:

„Ако сте постари од 80 години и сте заразени со вирусот ковид-19, шансата да умрете е 14,8 отсто. Ова значи дека 85,2 отсто од луѓето ќе оздрават. Ако сте на возраст меѓу 50-60 години, имате 1,3 отсто шанси да умрете ако сте заразени со вирусот.

За помладите од 40 години, шансата е 0,2 отсто. Значи, 99,8 отсто од младите под 40 години кои ќе се заразат, ќе се излекуваат. Но, еве еден факт – тоа е само ако се инфицирате со вирусот! Шансата да се заразите, врз основа на речиси тримесечната епидемија на изворот на зараза во Вухан, е само 0,7 отсто. Така што, 99,3 отсто е веројатноста дека вирусот никогаш нема да стаса до вас“.

Тие 0,7 отсто се, всушност, клучната ставка затоа што стапките на смртност одат на тоа.

Значи, ако имате 85 години, тоа значи дека имате 0,7 отсто шанси воопшто да се заразите од вирусот, па ако го „закачите“, имате уште 14,8 отсто шанси да умрете од него, или вкупно имате 0,103 отсто шанси да умрете од вирусот. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е дури 99,897 отсто!

За еден 45-годишник, тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 отсто дека коронавирусот ќе ги убие, а 99,9972 отсто дека нема.

За еден 35-годишник веројатноста дека нема да умре од овој вирус е 0,0014 отсто. А, дека нема да умре е 99,9986 отсто.

Внимавајте, тоа е 0,7 отсто воопшто дека ќе го добиете и 0,2 отсто дека ќе умрете од него ако сте под 40 години, пишува д-р Штагљар.

Понатаму, запрашајте се патем зошто толку малку се спомнуваат над 10.000 Кинези кои се излекувале од овој вирус? На кого ова не му е интересна вест и зошто не е?

„Ете колку е заразен вирусот. Поентата на целата приказна… Да, постои опасност, но сосема е непотребно да се создава ваква паника“ – заклучил професорот на Одделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто.

Тој додал дека Кина има 1.386.000.000 жители, заразени се 77.000 на 1,4 милијарди Кинези, што значи дека само 0,0055 отсто Кинези го имаат вирусот.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....