0.8 C
Скопје
10:38 - 19 декември, 2024

10 најсмртоносни вируси кои сè уште постојат на планетава: Степенот на смртност достигнува и до 100 проценти

Додека светот е во паника од коронавирусот, да потсетиме кои од постоечките вируси се најсмртоносни.

Беснило
Беснило е една од ретките инфекции во светот која убива речиси 100 проценти од заразените. Луѓето може да се заразат ако ги касне заразено животно, најчесто куче, и поради тоа животните треба да се вакцинираат. Доколку не сте сигурни, многу е важно да примите вакцина пред да се појават првите симптоми.

Баламутски енцефалитис
Со смртност од 98 проценти, ова е втора најопасна инфекција во светот. Оваа состојба е предизвикана од амеба која ги напаѓа кожата и мозокот. Живее во некои видови почви, а во телото може да навлезе преку дишење. За среќа, оваа инфекција е многу ретка и од 1986 г. се забележани само 200 случаи.

Амеба која се храни со мозокот
Амебата Наеглерија фаулери прв пат е откриена во Австралија во 1965 година. Живее во топлите води и речиси секогаш предизвикува смрт, ако се појават симптоми како главоболка, напади и конфузија, со степен на смртност од 95 проценти. Инфекцијата се јавува сѐ поретко, односно во САД се пријавуваат само околу осум случаи годишно.

Нипа вирус
Тој има некои сличности со коронавирусот зашто за прв пат се појавил кај лилјаците и кај заболените предизвикува респираторни проблеми. Има смртност од 75 проценти, предизвикувајќи фатален енцефалитис.

Птичји грип
Уште една болест за која се верува дека потекнува од Кина, а пет видови се опасни за луѓето. Инфекцијата е смртоносна и убива околу 60 проценти од заразените.

Хендра вирус
И овој вирус се пренесува преку лилјаци, а може да заболат луѓе и коњи. Болеста е откриена во Австралија пред 26 години и оттогаш е забележана стапка на смртност од 57 проценти. Инфекцијата е проследена со респираторни проблеми и евентуална смрт од енцефалитис. Сепак, станува збор за многу ретка болест, од 1994 до 2013 година се идентификувани само седум случаи.

Ебола
Епидемијата на ебола од 2014 до 2016 година предизвика вистинска паника во Африка. Бројот на заболени кои го изгубија животот во тој период е 11325, а регистрирани биле 28652 заболени. Во Конго и денес оваа инфекција често се јавува и, за жал сѐ за неа уште нема лек.

Марбуршки вирус
Повторно лилјаците се јавуваат како главни виновници за пренесување на овој вирус, познат по тоа што предизвикува згрутчување на крвта и смртта настапува за нешто повеќе од една недела. Се пренесува преку воздух и преку контакт со телесни течности на заразен човек.

Африканска трипаносмијаза
Позната е и како спијачка болест и се пренесува преку мувата ЦЦ. Широко е распространета низ Африка, а најзастапена е долж западниот брег на Ангола и нејзината граница со Конго. Предизвикува грозница, пореметување на сонот, а доколку не се третира резултира со кома и смрт. Степенот на смртност е 42.5 проценти.

Macacine herpesvirus
Откриен е пред 100 години и оттогаш се регистрирани само 50 заболени од кои починале 21. Ако пациентот не добие терапија, доаѓа до сериозно оштетување на мозокот. Степенот на смртност е 42 проценти.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо
Се вчитува....