10.8 C
Скопје
14:17 - 24 ноември, 2024

Викторија Лоба искрено за нејзиното липо-искуство за слабеење: Барав конкретни резултати во тесен временски период, а добив и повеќе од тоа!

Веројатно, веднаш ќе помислите дека на уметницата Викторија Лоба, која важи за една од најубавите во Македонија, и во регионот, воопшто не ѝ треба никаква диета, но популарната пејачка искрено ни открива дека не е баш така. А, тоа што нас нè интересираше беше зошто, од морето диети што ни се нудат, ја одбра токму липосукциската исхрана. И така го започнавме разговорот.

Зошто липосукциска исхрана?

– По мојата 30-та година метаболизмот не е ист како на моите 20 години, и тоа не е ништо страшно, но јас сум перфекционист и добро знам како сум изгледала претходно. Секако морав да направам некој напор да се вратам на претходните посакувани резултати зашто подуен стомак и плус пет килограми за мене не е прифатливо. Навистина има многу различни диети што се нудат моментално, но она што јас го барав беа конкретни резултати во тесен временски период зашто навистина немам време да чекам 3-4 месеци за добри резултати, и воопшто, по темперамент сум нетрпелива. „Липо“ ми го понуди токму тој пакет.

Како почна твојата липосукциска приказна? Каде се обрати, имаше ли претходни сознанија за начинот на спроведување на диетотерапијата?

– За липосукциската исхрана слушнав одамна, но имав впечаток дека е за оние што имаат многу вишок килограми за „топење“, имав погрешно мислење дека не е за мене. Но кога по сите напори не успеав да се ослободам од тие неколку килограми што ме „прогонуваа“ зашто постојано ми се враќаа, одлучив да одам на консултација кај д-р Валентина Крстеска од Липо центарот, да видам што ќе ми препорача.

Колкав период се посвети на ваква исхрана и какви се резултатите?

– Липо протоколот, со вклучени Липо протеини и аминокиселини, го применував 14 дена и уште 14 дена бев на липосукциска предодредена исхрана. Резултатите се следни: од моите 57 килограми во првите две недели изгубив 4 килограми, дојдов на 53 килограми и слабеењето продолжи и во следните две недели. Оттогаш помина цел месец, можеби и повеќе, а килограмите не ми се вратија. Мислам дека тоа најмногу се должи на втората фаза на липосукциска исхрана што продолжив да ја практикувам зашто премногу ми одговара и веќе е дел од мојот животен стил.

Беше ли тешко да се издржи? Што те мотивираше?

– Нема да кријам, секако дека не беше едноставно зашто претходно бев несвесно голем консумирач на шеќери, додека во липосукциската исхрана шеќерите се исклучени. Првите три дена само мислев кога ќе дојде време да вечерам, и веќе четвртиот ден влегов во кетоза, кога бев во искушение да го прекинам протоколот. За среќа, д-р Крстеска ме предупреди на таа фаза, дека е кратка, но можно е да бидам во искушение да го прекинам протоколот и тогаш целиот мој напор паѓа во вода. Тука се соземав, истрајав и веќе петтиот ден ми беше многу лесно! Првата фаза од липосукциска исхрана бара посветеност, истрајност и дисциплина. И тоа е влогот што секој лично го дава за да добие резултати на крај од протоколот, поинаку нема да се достигне целта.

Како изгледаше исхраната во текот на денот?

– Втората фаза, вторите 14 дена со липосукциска исхрана, отприлика изгледаа вака. За појадок јајца со спанаќ и сирење (две белки и едно цело јајце), кафе, чај (без шеќер), вода во меѓувреме меѓу оброците. За ужинка можев да грицнам неколку бадеми или ореви. За ручек – бела риба или лосос и зелена салата. За вечера – таратор или туна салата. Никаква паста, скроб, леб, шеќери, грицки…

Како протоколот делуваше на твоето здравје и енергија?

– Во првите 4-5 дена организмот се приспособува да функционира на нов начин и тоа е таа фаза кога сите напори одат да се одржи дисциплината, по петтиот ден сè е многу лесно и едноставно. Веќе втората недела од протоколот имав доволно енергија да го качувам Водно и се чувствував далеку поенергичено отколку пред да започнам со Липо. Тоа се одразува секако и на мојата работа, имам многу енергија, се чувствувам лесно и самоуверено. Денес, липосукциската исхрана стана мој стил на живеење, сега точно знам што ми создаваше проблеми со тежината и се манифестираше преку пад на енергијата и наталожени масти. Мојата крвна слика сега е одлична, претходно бев слабокрвна и се обидував преку одредени витамини да го подобрам тоа, но сега сè е многу поедноставно, односно со оваа исхрана успеав да го решам и тој проблем. Навистина, многу сум им благодарна на Липо центарот и на д-р Крстеска.

Зошто и кому би ја препорачала липосукциската исхрана?

– Од срце ќе кажам, буквално на сите! Секој што чувствува дека треба да направи детокс на својот организам, а не само да се ослободи од вишокот килограми. Секој што сака да има стабилна посакувана тежина и многу енергија. Липосукциска исхрана е здрав начин да го моделираш своето тело и на својот организам да му создадеш здрави навики.

Комерцијален текст.

Слични објави

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо

Станија живее раскошно во Мајами: Старлетата се почестила со џип и луксузен стан, за кои потрошила 825.000 долари!

Еспресо
Се вчитува....