6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

ТЕЧНО ЗЛАТО: Млеко со куркума кое ќе ве излечи

куркума

Куркумата е портокалово-жолт зачин од Индија, блиска роднина на ѓумбирот и со право се нарекува суво злато.

Во Ајурведата, куркумата е позната како моќен антиоксиданс кој се бори со канцерогените слободни радикали, а исто така е и антисептик и има природно антиинфламаторно дејство.

Топол пијалок со куркума е вистински еликсир за целото тело, ќе ве зајакне и ќе помогне при настинки. Идеален за студените денови, но и како замена за кафе.

куркума

 

За еден пијалок ви треба:

  • 250 мл растително млеко по избор (бадем, соја, овес),
  • 1 лажичка куркума во прав,
  • прстофат цимет,
  • малку бибер,
  • по желба лажица јаворов сируп.

Откако малку ќе го загреете млекото, додадете ја куркумата и убаво измешајте. Не го чувајте млекото топло или врие. Послужете топло.

Куркумата помага против депресија, ја чисти крвта и значително ги намалува воспалителните процеси што доаѓаат со артритис и други автоимуни нарушувања како лупус, хроничен замор и други.

Им помага на дијабетичарите да го регулираат нивото на шеќер, придонесува за разградување на протеините и мастите. Тоа е вообичаена состојка во природните препарати за лекување на рани на кожата. Доколку ја внесете куркумата во вашите животни навики, придобивките ќе ги почувствувате низ целото тело.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....