19.8 C
Скопје
11:20 - 6 мај, 2024

Стре­сот глав­на при­чи­на за не­кон­тро­ли­ра­но­то чув­ство на глад

Си­гур­но до­се­га чес­то­па­ти ви се слу­чи­ло да ја­дете, но са­мо по не­кол­ку ча­со­ви пов­тор­но да чув­ству­ва­те не­кон­тро­ли­ра­на пот­ре­ба за внес на но­ва храна. При­чи­на за вак­ва­та сос­тој­ба мо­жат да би­дат по­ве­ќе фак­тори, од кои нај­в­ли­ја­те­лен би бил стре­сот, од­нос­но до­кол­ку во да­ден мо­мент има­те по­го­ле­ми стрес­ни си­ту­а­ции во жи­во­тот, во тој слу­чај те­ло­то во хра­на­та мо­же да „ба­ра сво­е­вид­на утеха“, ве­лат нут­ри­ци­о­нис­тите.

Доб­ро е да зна­е­те и де­ка чув­ство­то на си­тост вед­наш по об­ро­кот, не за­ви­си се­ко­гаш од тоа кол­ку изе­де­ни­от об­рок сод­р­жел ка­ло­рии. Во по­го­ле­ми­от број слу­чаи лу­ѓе­то от­ка­ко ќе ја­дат, не чув­ству­ва­ат глад во про­сек од 4 до 5 часа, но има и так­ви што за са­мо не­кол­ку ми­ну­ти по­сег­ну­ва­ат по но­ва храна.

Глав­ни при­чини

До­кол­ку не­ко­гаш прет­ход­но сте се наш­ле во оваа си­ту­а­ција, нај­ве­ро­јат­но сте се пра­ша­ле зош­то на ва­ши­от ор­га­ни­зам му тре­ба тол­ка­во ко­ли­чес­тво хра­на за да ја на­ма­ли жел­ба­та за ја­дење. За утеха, ог­ро­мен број лу­ѓе го има­ат овој проб­лем и не сте единствени.

Спо­ред нут­ри­ци­о­нис­тите, проб­ле­мот око­лу не­кон­тро­ли­ра­но­то чув­ство на глад, за­ви­си од хра­на­та што сте ја ја­деле, но и од тоа да­ли сте фи­зич­ки или пси­хич­ки уморни. Па така, за чув­ство­то и пот­ре­ба­та за до­пол­ни­те­лен внес на храна, мо­же да при­до­не­су­ва бр­зи­от ме­та­бо­ли­зам, но и хро­нич­ни­от стрес.

Брз ме­та­бо­ли­зам

Ток­му по­ра­ди раз­лич­ни­от ме­та­бо­ли­зам, на­ши­те те­ла се раз­лич­ни и во нив раз­лич­но се разло­жу­ва хра­ната, а ка­ко по­след­ица на тоа и раз­лич­но се ис­фрла­ат непот­реб­ни­те ма­те­рии од ор­га­низ­мот. Пок­рај тоа, ин­те­рес­но е да се на­по­ме­не и де­ка на­мир­ни­ци­те на кои им е пот­реб­но по­дол­го вре­ме да се разло­жат, нè пра­ват по­дол­го вре­ме сити.

До­кол­ку ја­де­те хра­на што мно­гу бр­зо се вари, ка­ко што се ма­ка­ро­ните, јуф­ки­те и слич­ни ја­де­ња на ба­за на тесто, не­мој­те да се из­не­на­ди­те до­кол­ку по еден или два ча­са пов­тор­но чув­ству­ва­те глад. Кол­ку чес­то ќе чув­ству­ва­те глад во те­кот на де­нот за­ви­си од тоа кол­ку всушност об­ро­кот сод­ржи во се­бе рас­ти­тел­ни влакна, мас­ти и про­те­ини.

Нут­ри­ци­о­нис­ти­те во обид да го на­ма­лат чув­ство­то на глад кај лу­ѓе­то што има­ат брз ме­та­бо­ли­зам и на тој на­чин да спре­чат тие да се зде­бе­лат, препо­ра­чу­ва­ат се­кој­днев­но да се ја­де хра­на што спа­ѓа во т.н. „трој­ство на си­тост“, од­нос­но хра­на што изо­би­лу­ва со влакна, про­те­и­ни и здра­ви масти.

Рас­ти­тел­ни­те влак­на ги има во овош­јето, зе­лен­чукот ка­ко и во жи­та­та нап­ра­ве­ни од це­ли зрна. Про­те­и­ните, пак, ги има во се­ми­ња­та и во млеч­ни­те про­из­води, а здра­ви­те мас­ти ги има во оре­вите, аво­ка­до­то и мас­ли­но­во­то масло.

Не­до­во­лен внес на во­да во те­лото

Пок­рај бр­зи­от ме­та­бо­ли­зам, вие по­стоја­но мо­же­те да има­те чув­ство на глад и по­ра­ди ма­ло­то ко­ли­чес­тво во­да што ја вне­су­ва­те во ва­ши­от ор­га­ни­зам во те­кот на ед­но де­но­но­ќие. Тоа е та­ка за­тоа што на­ше­то те­ло чув­ство­то на жед мо­же да го препоз­на­ва ка­ко чув­ство на глад.

Кон­ти­ну­и­ран стрес

Ка­ко тре­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја чув­ству­ва­те пот­ре­ба за хра­на без на­вис­ти­на да има­те ре­ал­на пот­ре­ба за тоа е до­кол­ку сте под стрес. По­не­ко­гаш ко­га лу­ѓе­то чув­ству­ва­ат воз­не­ми­ре­ност, по­сег­ну­ва­ат по хра­на во обид да си ја на­ма­лат та­гата. Од дру­га страна, пак, пот­ре­ба­та за хра­на по­стоја­но ќе би­де при­сут­на и до­кол­ку прес­кок­ну­ва­те об­роци. До­кол­ку на те­ло­то во те­кот на де­нот не му да­ва­те храна, по први­от об­рок не­ма да ја за­до­во­ли­те пот­реб­на­та ко­ли­чи­на хран­ли­ви ма­те­рии пот­реб­ни во пе­ри­од од 24 часа, па те­ло­то по по­ло­ви­на час мо­же пов­тор­но да по­са­ка но­ва храна. На тој на­чин по­стојат го­ле­ми шан­си да дој­де до пре­ја­ду­ва­ње.

 

Слични објави

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....