6.8 C
Скопје
05:02 - 31 март, 2026

СЛЕДЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Овие промени на кожата се симптоми на СЕРИОЗНИ ЗАБОЛУВАЊА

Кожата понекогаш може да ви даде одговори на многу прашања поврзани со вашата здравствена состојба.

Таа често ни праќа знаци, кои ние ги занемаруваме, а кои укажуваат дека можеби сме болни или имаме некакво нарушување.

Темна кожа на вратот, под пазувите, на препоните…

Ако кожата на овие места ви потемнела или е погруба, тоа може да биде знак на дијабетес или проблеми со штитната жлезда. Промените во бојата кои се појавуваат на места каде кожата се витка се типични за ризичната група од дијабетес тип 2.

Многу бледа кожа

Ако наеднаш забележавте дека сте бледи, можеби страдате од анемија, состојба во која телото не произведува доволно црвени крвни клетки. Причина за тоа може да биде нискиот внес на железо или витамин Б12, но и генетскиот фактор.

Сувост

Ова е знак дека кожата ви е дехидрирана и дека треба да почнете да внесувате повеќе вода. Исто така, морате да го намалите внесот на кофеин и алкохол, кои пак освен што ја сушат, стимулираат и лачење повеќе масти за да биде навлажнета вашата кожа.

Акни околу уста и на брада

Нивната појава кај жените е симптом на сериозното нарушување наречено синдром на полицистични јајници, кое предизвикува и неплодност. Доколку покрај акните, забележувате и нередовност на циклусот, време е за посета на гинеколог.

Дознајте уште и која е разликата меѓу дезодоранс и антиперспирант.

БОНУС ВИДЕО:

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....