06:07 - 8 април, 2026

СЕЗОНА НА БАГРЕМ: Направете сируп кој лечи повеќе заболувања (РЕЦЕПТ)

Цветовите на багремот се користат при преладеност, настинки, грип, болки во желудник, како и за смирување на главоболки.

Цветот на багремот важи за еден од најмедоносните, а медот има специфичен и пријатен вкус, со светла жолта боја.

Цветањето трае помеѓу 10 и 14 денови. Толчникот од цветот е јадлив и има сладок вкус. Токму од багремите може да се направи лековит сируп.

ВАЖНО: Доколку сте алергични на поленов прав, не го користете овој сируп.

За една доза потребно ви е:

50 цветови (целите гроздови)
5 литри превриена и изладена вода
100 гр лимонтус
500 гр лимон исечен на парчиња
5 кг шеќер

Подготовка:

Во изладената вода ставете ги цветовите багрем, лимонтусот и парчињата лимон. Покријте со крпа и оставете да отстои 24 часа. Мешајте повремено, а потоа прецедете преку цедалка обложена со газа.

Шеќерот ставете го во тенџере и варете со еден литар вода, додека да зоврие. Во топлиот сируп сипете ја добиената течност од багрем и измешајте. Сипете го сирупот во чисти стаклени шишиња и чувајте ги на суво и темно место.

Доколку сакате, можете и да ги пастеризирате. Ако сакате поинтензивен вкус, додадете повеќе цветови.

Бонус рецепт:

Исушете цветови од багрем за да подготвите чај кој ќе ви помогне при главоболки, болки во желудник и настинка.

Цветовите сушете ги на стебленцето, а откако ќе се исушат, одвојте ги и чувајте ги во хартиена ќеса или картонска кутија.

За половина литар чај потребни ви е една голема полна лажица сушен цвет.

Пробајте го и овој моќен сок за подобар имунитет.

Слични објави

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо
Се вчитува....