2.8 C
Скопје
04:21 - 19 април, 2024

Решена мистеријата зошто се згрутчува крвта од вакцината на „АстраЗенека“

EPA EFE

Како главен виновник ги посочуваат таканаречените „пловечки мутирани протеини“што можат да се појават кога вакцината испраќа шилест (спајк) протеин на коронавирусот во погрешниот дел од клетката.

Научниците од универзитетот „Гете“ во Франкфурт тврдат дека конечно ја утврдиле причината за појавата на крвните згрутчувања по давањето одредени вакцини против коронавирусот, а тврдат дека знаат како да го решат тој проблем.

Како главен виновник тие ги посочуваат таканаречените „пловечки мутирани протеини“, кои можат да се појават кога вакцината испраќа шилест (спајк) протеин на коронавирусот во погрешниот дел од клетката. Тие тврдат дека веќе имаат идеја како да го решат овој потенцијално сериозен проблем, пишува британски „Сан“.

Научниците веднаш ја контактирале компанијата „Џонсон и Џонсон“ и ја запознале со своите откритија. Тие се надеваат дека нивното откритие ќе помогне вакцините да бидат побезбедни отсега.

Страв од крвни згрутчувања

Вакцината „АстраЗенека“ се сметаше за најдобар кандидат во трката да се пронајде ефикасна вакцина против коронавирусот. Меѓутоа, низа инциденти го нарушија имиџот на компанијата во јавноста.

Имено, кај некои пациенти кои примиле две дози од вакцината на „АстраЗенека“, забележано е појавување на крвни згрутчувања (тромбови), кои потенцијално може да предизвикаат тромбоза. Како резултат на тоа, некои земји целосно се откажаа од употребата на оваа вакцина или ја ограничија употребата само на одредени старосни групи, што го забави процесот на имунизација.
Кога се случи истото и по вакцинирањето со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, стручната јавност беше под притисок да ја открие причината за овој феномен и да понуди потенцијално решение.

Проблем со „пловечките мутирани протеини“

Тимот на Универзитетот „Гете“ се чини успеа во тоа. Ралф Маршалек, водечки научник од овој универзитет, ги објави најновите согледувања во интервју за „Фајненшл тајмс“, додека целото истражување ќе биде објавено наскоро во медицински списанија.
Според него, причина за појава на крвни згрутчувања е појавата на „пловечките мутирани протеини“. Тие настануваат кај производителите кои користат аденовирусни вектори за да испратат шилест коронавирусен протеин во човечкото тело.

Она што е потенцијално проблематично во оваа постапка е дека шилестиот протеин на вирусот се испраќа во клеточното јадро, а не во цитолошката течност внатре во клетката, во која вирусот нормално произведува протеини. Кога ќе се најдат во клеточното јадро, одделните делови на шилестиот протеин на вирусот се распаѓаат и формираат мутирани верзии. Тие не се во можност да се залепат за клеточната мембрана, туку се излачуваат и циркулираат во телото.
Според Маршалек, ова е причината зошто еден од 100.000 вакцинирани добива згрутчување на крвта.

„Кога гените на вирусот ќе се најдат во јадрото, тоа може да предизвика проблем“, рекол професорот.

За разлика од технологиите што ги користат „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, мРНК вакцините, како што се вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, го испраќаат овој протеин во течноста во клетката, а не во клеточното јадро, што спречува формирање на крвни згрутчувања.

Потенцијално решение

Само 309 од 33 милиони луѓе кои примиле вакцини на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ во Велика Британија добиле крвни згрутчувања, односно 142 лица од 16 милиони во остатокот од Европа. Сепак, поради 56-те смртни случаи кои беа поврзани со овие тромбови, се појави страв кај оние кои сакаат да се вакцинираат, па затоа и самите пациенти почнаа да ги избегнуваат овие вакцини.
Маршалек е свесен за тоа, но вели дека има решение – доволно е производителите на вакцините кои користат аденовирусни вектори, да ја модифицираат секвенцата на „спајк“ протеинот за да се спречи негово разделување.

– Со податоците што ги имаме, можеме да им посочиме на компаниите како да ги променат тие проблематични секвенци на начин кој ќе ги спречи несаканите реакции – убеден е доктор Маршалек.
И покрај оптимизмот на д-р Маршалек, други научници велат дека се потребни повеќе докази за да се потврдат овие тврдења.

„Недостасуваат докази што укажуваат на директна врска помеѓу скочните протеини и тромбозата“, рекол Јоханес Олденбург, професор по трансфузија на Универзитетот во Бон.
Тој посочува дека мора да бидеме внимателни и дека сето тоа треба да се докаже преку нови експерименти.

Маршалек посочи дека резултатите од своето истражување ги проследил до германските здравствени власти, како и до здравственото тело што се занимава со вакцинација.
„Тие беа изненадени од нашите откритија, бидејќи никој не очекуваше порастот на протеините да предизвика проблем.“

Од компанијата „Џонсон и Џонсон“ рекоа дека „го поддржуваат овој вид истражување“.
„Работиме со медицински експерти ширум светот за решавање на проблемот со крвните згрутчувања и очекуваме дека ќе можеме да ги проучиме овие нови податоци кога ќе бидат официјално објавени.“

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....