10.8 C
Скопје
05:48 - 25 април, 2024

Чудесни жени: Леонор Фини, надреалистка која го инспирирала Диор, била првата жена која насликала гол маж

Леонор Фини била кралица на парискиот боемски живот, постојано присутна во весниците поради своите слики, илустрации и театарски дела, но и поради животниот стил.

Родена е во Буенос Аирес (1907 г.), а израснала во Трст, Италија. Мајка ѝ била Италијанка, се омажила за богат деловен човек и со него заминала во Буенос Аирес, но тој како припадник на сектата зилот, барал да се живее во сиромаштија. Мајката заедно со малата Леонор се вратила назад во родителската куќа во Трст, таткото Ерминио дури и се обидел да го киднапира девојчето, па така, еден период од детството таа го минала маскирана во момче кога излегувала од дома. Ова маскирање оставило длабока трага на Леонор и подоцна во нејзиниот живот одиграло значајна улога.

Од дете го истражувала односот кон смртта

Уште како девојче знаела дека сака да се занимава со уметност. Поради непристојно однесување била исфрлена од три училишта, ама сакала да црта и слика. Според сопствените зборови, уште од дете го истражувала односот кон смртта и одела во мртовечници за да ги набљудува телата. Тие чудни интереси ги втиснувала во умот успевајќи да создаде емоционална дистанца и гледајќи го тоа низ сопствената естетика, градејќи иконографија што ја следи низ целиот творечки пат. На 17 години заминала на студии во Милано, но во тоа време центар на уметничкиот живот бил Париз. Се вљубила во италијанскиот принц Лоренцо и наскоро му се придружува во Париз со намера да се омажи за него. Бидејќи љубовната приказна меѓу нив немала среќен крај, Леонор останала во Париз, а Лоренцо како ерген, се вратил во Милано. Како амбициозна 24-годишна девојка, таа не губела време. Набргу влегла во парискиот круг на уметници, а талентирана да создава пријателства, убава и пријатна, паметна и топла, станала неизбежен гостин на забавите и приватните изложби на парискиот круг. Се дружела со Елијар, Пикасо, Ернст, Картие, Бресон и Дали.

facebook

Создавала уметност, но и самата била уметност

Првата изложба ја одржала во галеријата што ја водел Кристијан Диор, пред да се преориентира кон модата. Критиката добро ја прифатила и оваа и следните нејзини изложби. Пријателствата многу ѝ помогнале во градењето на кариерата. Макс Ернст, со кого била во љубовна врска, ја запознал со Андре Бретон и другите надреалисти. Поради несогласувања со Бретон, кој бил познат и како женомразец, таа не станала член на неговата група, но учествувала на неговите изложби. Нејзините две слики во 1936 година се прикажани на изложбата на надреалистите во Лондон (1936 г.), и веднаш предизвикале скандал. На сликите се прикажани млади жени во бизарен и полуеротски ритуал. Во Париз Леонор Фини имала подобра критика и публика.

Во 1942 година насликала гол маж, кој воедно е и првиот таков акт насликан од женска рака. И во реалниот живот Леонор ги преминувала границите. Сама зборувала дека речиси никогаш не живеела само со една личност и дека повеќе сакала некој вид комуна, во својот дом полн со мачки, кои исто така ѝ биле опсесија, и во друштво со своите пријатели, еден маж што ѝ бил повеќе љубовник и втор што ѝ бил повеќе пријател. По војната живеела со двајца италијански аристократи и 17 мачки во дворец во кој создала малку морничава атмосфера, со драперии, костури, кукли, ориентални килими и театарски костуми што ги креирала. И сама се облекувала необично, или многу удобно, со подигната или со распуштена коса. Создавала уметност, но и самата била уметност. Знаела да привлече внимание каде и да се појави, па дури и така што косата ќе ја обоела во сино, зелено, златно или така што на некоја забава ќе се појавела облечена само во бели пердуви и чизми. По војната во Париз била мода да се прават маскенбали, на кои Леонор Фини била во свој елемент. Секое нејзино појавување на маскенбал во неповторлив костум задолжително било фотографирано и за списанијата и за насловните страници. Тоа ѝ донело и нови ангажмани за театарски костуми. Но пред сè, Фини себеси се гледала како уметница. Сликала соништа и надреалистички светови, тврдејќи дека соништата се главен извор на нејзината инспирација. Во текот на животот постигнала и голем меѓународен успех, изложувала насекаде во светот, а по нејзината смрт е малку заборавена и оставена на страна. Починала во Париз во 1996 година.

 

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....