8.8 C
Скопје
19:22 - 30 март, 2026

ПУШЕЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ: Пандемијата е причина плус да ги оставите цигарите и да се ослободите од оваа зависност

unsplash

Министерството за здравство во Лондон смета дека и пушачите можат да го доведат своето семејство во опасност од ковид-19.

Професорот Џон Њутн изјави дека никогаш немало подобро време да се престане со пушењето отколку што е сега додека владее пандемија на коронавирус. И тоа не само заради своето здравје, туку и заради здравјето на нивните најблиски.

„Пушењето му штети на здравјето на вашите бели дробови и респираторните органи, а вирусот Ковид-19 го напаѓа токму тоа, целиот респираторен систем“ – вели Џон.

Тој исто така посочува дека истражувањата во Кина довеле до информација дека пушачите имаат 14 пати поголема веројатност да заболат од вирусот отколку непушачите и да развијат сериозни белодробни заболувања.

Студијата била спроведена на пациенти во три болници во Вухан, Кина, кои имале влошена состојба од вирусот „ковид -19“.

Докази од почетокот на пандемијата

Студијата покажала дека првите двајца пациенти, кои починале во болница во Вухан, биле долгогодишни пушачи.

Научниците испитувале повеќе од 8.000 пациенти и откриле дека повеќе мажи биле болни отколку жени. И ова е, велат тие, затоа што мажите во Кина пушат повеќе од жените, предизвикувајќи слабеење на имунитетот.

Во првите шест недели од пандемијата, 1,7 проценти од жените починале, наспроти 2,8% од мажите.

Всушност, Кина има најголем број пушачи во светот, кои сочинуваат една третина од пушачите во светот, од кои само 2 проценти се жени.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....