14.8 C
Скопје
11:09 - 7 октомври, 2026

ПОЗНАТ Е ДАТУМОТ НА СВАДБАТА НА ПЕТАР ГРАШО И ХАНА ХУЉИЌ: Побрзо е отколку што мислите, а се огласи и Данијела

Кон крајот на минатата година се шпекулираше дека Петар Грашо и Хана Хуљиќ планираат венчавка, а се пишуваше дека младата пејачка веќе знаела која венчаница ќе ја облече за нивниот голем ден, а сега, според неделното хрватско списание и портал Глорија – се дознава од извор близок до двојката дека гласините и предвидувањата не биле далеку од вистинити.

Во јавноста прво протече веста дека ќе станат родители, што ја потврди и Хана во изјава за Јутарњи лист, а новинарка на Глорија откри и кога парот ќе го каже „судбоносното да“.

Освен што новороденчето ќе пристигне во нивното мало семејство на почетокот на летото, парот, според истиот извор, веќе се договориле за името на бебето во случај да е девојче, но и доколку Хана роди син. Двојката ќе ја прослави круната на својата љубов со брак, а венчавката, според Глорија, ќе се одржи на 19 февруари годинава, а според дрѕги хрватски портали во март, кога му е на Грашо и роденден. 

Бебето пак, треба да стигне на почетокот на летото.

За тоа време пејачката Данијела Мартиновиќ, која помина повеќе од 24 години со Грашо во врска, напиша чуден пост на својот Инстаграм профил.

-На 15.7. донесов одлука да го славам роденденот цела година, а моите пријатели сериозно ја сфатија мојата одлука, подароци се уште ми пристигнуваат…напиша Мартиновиќ која ова лето ќе наполни 51 година.

 

Слични објави

Анабела Атијас оперирана, три недели не изглегла од дома

Еспресо

Прекината традицијата во чест на Тоше, неговиот најдобар другар разочаран: „Жал ми е…“

К.С.

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо
Се вчитува....