08:46 - 3 април, 2026

ПРОБАЈТЕ: Природни начини за подобрување на меморијата

мозок

Aко сте релативно млади и здрави, подобрувањето на меморијата може да биде една од вашите главни цели и преокупации. Истражувањата покажаа дека можете да влијаете на вашата способност за памтење, а ние ви претставуваме неколку природни начини со кои може да си помогнете.

Учете нови вештини

Предизвикајте се себеси и излезете од зоната на удобност. Ова ја стимулира невропластичноста на мозокот, односно способноста на мозокот да формира и реорганизира синаптички врски за време на учењето и стекнувањето нови искуства.

Лесно е да се западне во рутина и монотонија во зрелите години, но ако продолжите да учите нови вештини, ќе станете побистри и повнимателни. Најдобрите вежби за мозокот се оние кои бараат концентрација, целосен ангажман и ментален напор. Секоја активност која бара координација на рацете или очите како и сложените моторни вештини е одлична за мозокот.

Некои такви активности се свирење нов инструмент, учење јазик, правење рачна изработка, играње шах, танцување, голф, крстозбори и друштвени игри.

Јадете храна која има антиинфламаторно дејство

Една од клучните работи е храната која буквално е како гориво за вашиот мозок и го штити, овозможувајќи му да функционира најдобро.

Вежбајте

Истражувањата покажаа дека редовното вежбање ја подобрува краткорочната и долгорочната меморија. Ја зголемува циркулацијата и протокот на кислород до мозокот, ја стимулира невропластичноста и развојот на нервните врски, го контролира воспалението и го зајакнува имунитетот, ги намалува ризиците од нарушувања како што се губење на меморијата, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, го намалува заморот, создава отпорност на стрес, ослободува ендорфин, итн

Спијте доволно

Сонот има големо влијание врз вашата енергија, но игра важна улога и за фокусот, меморијата, способноста за решавање проблеми, регулирањето на емоции и креативноста. На возрасните луѓе им треба меѓу 7 и 9 часа спиење ноќе за да функционираат најдобро.

Дружете се и избегнувајте да се чувствувате осамено

Истражувањата покажаа дека односите што ги имаме со луѓето помагаат во одбрана на мозокот од оштетување. За да го подобрите расположението и функцијата на мозокот, настојувајте да одржувате здрави пријателства и семејни односи. Смеењето со другите, како и чувството на поврзаност, помага да се ослободат хормоните на среќа и тие придонесуваат за когнитивно здравје.

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....