7.8 C
Скопје
19:16 - 1 април, 2026

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Консумирањето ореви дневно може да го намали нивото на холестерол

ореви

Студијата, објавена во списанието „Journal of the American Heart Association“, покажа дека вклучувањето ореви во исхраната може да го намали нивото на лошиот холестерол ЛДЛ.

Поточно, студијата покажува дека дневната конзумација на ореви во период од две години особено го намалува нивото на холестерол. Ова се однесува на постарите возрасни лица.

Д-р Емилио Рос, еден од авторите на студијата, ги истакна многуте придобивки од оревите:

„Оревите имаат оптимален хранлив состав, вклучувајќи значителни количини на алфа-линоленска киселина, растителни омега-3 масни киселини, полифеноли и фитомелатонин. Редовното консумирање ореви не само што ќе го намали нивото на холестеролот, туку ќе ги направи честичките на ЛДЛ да бидат помалку склони да влегуваат во артериите“, истакна д-р Рос.

Во истражувањето учествувале 636 учесници на возраст од 63 до 79 години. Околу половина од нив земале лекови за намалување на високиот крвен притисок, што е типично за оваа популација.

32 проценти од нив земале лекови за намалување на холестеролот. Едната група не консумирала ореви, додека другата додала половина чаша сурови ореви во дневните оброци.

Учесниците кои јаделе ореви го намалиле нивото на ЛДЛ холестерол во просек за 4,3 милиграми на децилитар (мг/дл) и вкупниот холестерол во просек за 8,5 мг/ дл.

Извор: ahajournals

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....