3.8 C
Скопје
13:04 - 23 декември, 2024

НОВА СТУДИЈА ОТКРИВА: Вакцините против ковид-19 обезбедуваат долготрајна заштита од најлошите исходи

Unsplash

Вакцините против ковид-19 обезбедуваат долготрајна заштита од најлошите исходи на инфекцијата, се вели во новата студија на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил.

Појавата на варијантите Делта и Омикрон ги покрена прашањата за тоа дали честите инфекции се предизвикани од ослабен имунитет или дали тоа се видови на вирусот кои полесно се пренесуваат.

Резултатите од студијата објавена во „New England Journal of Medicine“ покажуваат дека падот на имунитетот е одговорен за инфекциите, а дека вакцините одржуваат заштита од хоспитализација и
тешки болести 9 месеци по примената прва доза.

Вакцините против ковид-19, особено дополнителните дози, се важни за постарите лица

„Примарната порака на нашата студија е дека невакцинираните треба веднаш да се вакцинираат. Резултатите од нашата студија, исто така, ја нагласуваат важноста од дополнителни дози на вакцината, трета или четврта, особено за постарите возрасни лица“, вели главниот автор на студијата, професор д-р Данју Лин од „UNC Gillings School of Global Public Health“.

Во студијата, која е резултат на соработка помеѓу Универзитетот во Северна Каролина и Одделот за здравство и човечки услуги во Северна Каролина, се испитувале податоците за историјата на вакцината за заштита од ковид-19 и здравствените резултати на 10,6 милиони жители на Северна Каролина помеѓу декември 2020 година и септември 2021.

Вакцината е најефикасна два месеци по првата доза

Во овие податоци се вклучени исходите од случаите со ковид-19 предизвикани од Делта варијантата. Сепак, податоците од оваа студија биле собрани пред откривањето на Омикрон.

„Со примена на новата методологија, успеавме да обезбедиме прецизна и сеопфатна карактеризација на ефикасноста во период од 9 месеци за трите вакцини што се користат во САД. За разлика од претходните студии, ја проценивме ефикасноста на вакцината во намалувањето на сегашните ризици од ковид-19, хоспитализација и смрт од првата доза на вакцината. Оваа информација е клучна во одредувањето на потребата и оптималното време за дополнителна вакцинација“, изјави д-р Данју Лин.

Студијата покажа дека ефективноста на вакцините „Pfizer“ и „Moderna mRNA“ во намалувањето на ризикот од зараза од ковид-19 го достигнала својот врв на околу 95 проценти два месеци по првата доза, а потоа постепено се намалувала.

За седум месеци, вакцината „Pfizer“ паднала на 67 отсто ефикасност, во споредба со вакцината „Moderna“, која задржала 80 отсто ефикасност. Меѓутоа кај првите приматели на двете дози од вакцината „Moderna“, ефикасноста драстично опаднала од средината на јуни до средината на јули 2021 година, кога доминантна беше варијантата Делта.

Слабеењето на имунитетот веројатно придонесува за зараза од Омикрон варијантата

Сите три вакцини против ковид-19 во САД (вклучувајќи ја и „Johnson&Johnson“) биле ефикасни во спречувањето на хоспитализација на луѓето поради тешка инфекција со ковид-19. Ефективноста на вакцината „Pfizer“ достигнала 96 проценти за два месеци и останала на околу 90 проценти ефективна седум месеци. Ефикасноста на вакцината „Moderna“ достигнала врв од 97 отсто за два месеци и останала на 94 отсто седум месеци.

„Бидејќи повеќето вакцини во Соединетите Американски Држави беа примени пред повеќе од седум месеци и само мал процент од населението доби бустер односно трета доза, слабеењето на имунитетот веројатно придонесува зголемен број инфекциите со Омикрон“, рече д-р Лин.

Слични објави

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо
Се вчитува....