16.8 C
Скопје
13:35 - 26 септември, 2026

Нова студија открива: Поголемата консумација на јајца може да предизвика дијабетес

unsplash

Многу студии ги оценија потенцијалните здравствени придобивки и последици поврзани со јадењето јајца. Иако сè уште има дебата околу оваа тема, сепак стои фактот дека повременото и умерено јадење јајце е добро, но доколку тоа го правите почесто, можеби не е здраво.

unsplashНајновата студија го истражува токму ова прашање, предупредувајќи дека прекумерната консумација на јајца може да го зголеми ризикот од дијабетес.

Новата студија на Универзитетот во Јужна Австралија во соработка со Универзитетот во Катар и Кинескиот медицински Универзитет, откри дека јадењето јајце секој ден може значително да го зголеми ризикот од развој на дијабетес од типот 2. Истражувањето траело од 1991 до 2009 година и се фокусирало на возрасни Кинези.

unsplash

Кина во последниве неколку години се соочува со растечка криза во јавното здравство, известувајќи за значително зголемување на луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 2. За тоа време, експертите откриле дека традиционалната исхрана во Кина почесто почнала да се заменува со друг вид на храна, вклучително се зголемила и потрошувачката на јајца и калорични закуски.

unsplash

Оваа нова студија специјално се фокусира на долгорочната потрошувачка на јајца и нејзината потенцијална улога во развојот на дијабетес. Резултатите откриле голема поврзаност, откривајќи дека возрасните луѓе кои често јадат едно или повеќе јајца на ден, се соочуваат со 60% зголемување на ризикот од дијабетес.

Покрај тоа, се покажа дека долгорочната консумација на повеќе од 35 грама јајце на ден, го зголемува ризикот за околу 25%. Исто така, студијата забележува дека жените се соочуваат со поголемо влијание на овој ризик отколку мажите.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека е потребно дополнително истражување на оваа тема за да се разбере улогата на јајцата во развојот на оваа болест.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Противотров за стресот: Возењето велосипед може да нè направи посреќни

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

Упорната жед е порака од вашиот организам – Лекарите откриваат 10 причини зошто постојано сте жедни

Т.Ц.

Седум симптоми кои може да укажуваат дека нешто сериозно се случува со бубрезите – еден знак може да го забележите веднаш наутро

Т.Ц.

Колку точно километри треба да пешачите за да ослабете и како да го забрзате согорувањето калории

Т.Ц.
Се вчитува....