-2.2 C
Скопје
02:20 - 19 февруари, 2026

НЕКОЛКУ СОВЕТИ: Како природно да се ослободите од водата во увото

жена, болка

Водата во увото предизвикува болка во увото, тинитус, чувство на притисок во ушите или пригушен слух. Ова непријатно искуство најчесто се случува при туширање или пливање.

Многумина најчесто посегнуваат по стапчиња за уши кога во нивното уво е запушено со вода. Сепак, лекарите се децидни дека тоа е најлошиот можен избор. Имено, памучните делови лесно можат да се заглават во ушниот канал и со тоа дополнително да ја влошат ситуацијата. Особено ако памукот се навлажни, тогаш памучниот дел малку паѓа од стапчето и честичките од памук дополнително може да го иритираат и зголемат ризикот од инфекција.

Доколку ви влезе вода во вашето уво за време на туширање или пливање, еден од примарните начини кој може да помогне е тресење на главата. По неколку часа водата ќе излезе, но поради комплицираниот аудитивен канал процесот може да потрае.

Друг начин што може да помогне да се ослободите од водата во увото е повлекување на увото напред и назад или пуштање на топол воздух од фен за коса на најслабо ниво.

Овој проблем може да се реши со помош на медицински алкохол, но и со хидроген.

Медицински алкохол

Направете раствор еден-на-еден од медицински алкохол и бел оцет за плакнење на увото. Киселината го раствора восокот и ги отстранува пречките што спречуваат да излезе водата, додека алкохолот пак, ја суши водата. Постапката е лесна, потребно е да ставите неколку капки од смесата во увото и да се остави да делува.

Хидроген

Хидрогенот пероксид е добро познат антисептик кој се користи за чистење и дезинфекција на рани како изгореници и гребнатини. Исто така е честа состојка во капките за уши. А, капките можете да ги направите сами: сè што ви треба е вода и хидроген пероксид во сооднос еден-на-еден.

Хидроген пероксид се користи како вообичаените капки за уши. Легнете на едната страна, увото мора да биде свртено нагоре. Ставете неколку капки во ушниот канал и оставете го да отстои околу пет минути. Потоа исчистете ја надворешноста на увото со мек текстил. Повторете ја истата постапка и за другото уво.

Извор: klix.ba

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....