8.4 C
Скопје
11:10 - 19 март, 2024

Не одложувајте, промената во исхраната почнува од денес!

За некои од најчестите парадокси со исхраната, зошто секому му е потребен индивидуален план на исхрана и зошто промената во прехранбените навики треба да започне веднаш, дава одговори нутриционистката Тања Турунџиева.

На организмот му се потребни сите основни елементи

Турунџиева вели дека е противник на елиминирањето на некои нутритиви или, пак, на нивно форсирање, особено кај оние што прават експерименти за што побрзо да ги симнат килограмите, преку ноќ. Но, на организмот му се потребни сите основни елементи – му требаат корисни протеини, јаглехидрати, масти, му требаат и корисни житарки, свежо овошје и свеж зеленчук и најважно од сѐ – течности. Познати сме како нација која мошне малку пие течности и ако се чудиме зошто на ова поднебје има толку многу целулит, дури и кај оние што редовно вежбаат, тоа е поради тоа што во исхраната имаме апстиненција на течности и голем внес на заситени масти кои се на црната листа на производи – белиот леб, белото брашно, белиот шеќер, многу сол, присуство на индустриски преработки од месо и млечни производи.

Не е важно само здраво, туку и правилно да се храниме

На пример, во сусамот има најмногу калциум од сите нутритиви што постојат, но едно е кога го јадеме во сирова форма, а друго е кога го јадеме во термички обработена. Еден од групата најагресивни алергени е токму печениот сусам. Исто е и со свежата брокула, која сега е актуелна, или карфиолот. Конкретно брокулата изобилува со фолна киселина, калиум, калциум, магнезиум, со големи количества железо и меѓу другото и со витамин Ц. При термичка обработка, па макар и две-три минути, дури и на пареа или во врела вода, автоматски се губи витаминот Ц. Штом ќе се изостави од органската структура на нутритивот барем еден од минералите или витамините, тој веќе ја нема вистинската органска структура.

Најдобро е сета храна да биде тазе приготвена, базирана на производи од моменталната сезона и во никој случај да не е пржена, па макар и некој што парадоксално користи маслиново масло за пржење – пржената храна е канцерогена независно во какво масло е подготвена, вели нутриционистката Турунџиева.

Добрата организација ќе ви овозможи лесно спроведување на здравите навики, при што важно е да се знае дека сета подготвена храна трае 24 часа, што дозволува оброците да се подготвуваат и еден ден порано.

Индивидуален пристап кон храната

Пристапот кон храната треба да биде индивидуален, согласно потребите на организмот, заболувањата и индикациите што ни ги дава организмот, но можеби потајно ги игнорираме. А, таа индикација точно ни кажува што се случува со нашиот метаболизам, со имунолошкиот систем, со организмот, со ендокриниот систем, со виталните органи итн. Значи, ако навреме ги забележиме индикациите, ако побараме лекарска помош, брзо ќе го решиме проблемот. За жал, кај нас ништо примарно не функционира, туку секогаш е терцијарно – прво, секој на своја рака пробува нешто, па се консултира со интернет… талкањето ни одзема време што во одредени ситуации може да биде и пресудно, дури и фатално, да заврши онака како што никој не сака да заврши.

Секој лек во форма на храна не е компатибилен

На пример, оние што имаат проблем со бубрезите не смеат да земаат цитруси, потоа, при антикоагулантски терапии се исклучуваат црвеното зрнесто овошје, грејпфрутот, зелениот листен зеленчук поради витаминот К, но, не смееме комплетно да го исклучиме неговото внесување бидејќи тој е во нашиот метаболитички синџир. Секој витамин и секој минерал треба да бидат дозирани онолку колку што му требаат на организмот за да не направиме хипервитаминоза или хиперминерализација бидејќи потешко е да се дијагностицира такво нарушување отколку самата дијагноза на заболувањето. Секојпат грчевите во мускулите не значат недостиг на магнезиум или калциум, може да биде и хипервитаминоза која дава таква индикација. Паѓањето на косата не може да биде само недостиг на железо или на цинк – да не го заборавиме и биотинот, односно витаминот Х кој е од суштинско значење за убава коса и убави нокти.

Само во ситуации кога станува збор за некоја екстремна фаза или кога организмот не може да се надополни на природна основа, Турунџиева дозволува суплементарно да се дополни исхраната. Мора да се надоместува недостигот на витаминот Д, особено кај оние што имаат проблем со имунитетот и кај кои има постоење на автоимуни заболувања. Или во случај на акутни анемии кога железото е во енормно ниска граница, потребно е присуство на суплемент железо, витамин Ц, но и на бакарот како еден од суштинските минерали што потпомагаат во ваква ситуација.

Треба ли да внесуваме шеќери?

Не смееме да ги занемариме и природно цедените сокови кои треба да се пијат преку цел ден за да го одржуваме нивото на гликемија во константа. Се разликуваат три типа шеќери – моносахариди, дисахариди и полисахариди, а од нас зависи како ќе ги внесуваме и со кој тип шеќери ќе се хранат нашите клетки. Од друга страна, во одредени ситуации при постоење габични инфекции, иако овошјето е многу здраво, во никој случај не треба да се внесува бидејќи познато е дека габата се храни со шеќер. Токму затоа мора да знаеме што индивидуално се случува со нашиот организам за правилно да го внесеме она што му е потребно.

Поделба и временско ограничување на оброците

Секој има сопствен дневен биоритам и затоа е илузорно да постојат временски ограничувања на оброците. Не може да си зададеме забрана за внес на храна по 20 часот ако знаеме дека имаме умствена работа до 1 часот по полноќ. Нашиот ум ќе биде фрустриран, 100 пати ќе го отвориме фрижидероти на крај, кога ќе се истрошиме и ќе ни падне нивото на шеќер, ќе бидеме во состојба да изедеме сѐ. Секогаш може да изедеме свежа салата што во себе има корисни витамини и минерали доволни за нашиот дигестивен систем, нашиот организам, а најмногу за нашиот ум од кој почнува и завршува сѐ, да биде снабден со корисна храна и т.н. „празни“ калории.

Едукација од најмали нозе

Децата уште од најмала возраст треба да се воспитуваат на здрав и правилен режим на исхрана. Мајките најмногу се грижат до првата година на детето, кога се трудат најздраво да го хранат, но потоа нездравите индустриски грицки не треба да бидат замена за ваквата храна. На тој начин се ослабува имунолошкиот систем, а да не зборуваме што сѐ внесува детето – од емулгатор, конзерванс, вештачка боја, па сѐ до аромат што му прави агресија на имунолошкиот систем. Не треба ниту да се откажуваат кога детето не сака одреден тип храна, напротив, преку игра и едукација, упорноста секогаш се исплати, само треба да се има цел. Ако вие не му понудите друга алтернатива на детето, ќе огладнe, па мора да го изеде оброкот, како во некое друго време, додека ние растевме, кога важеше правилото – ако не ја изедеш боранијата за ручек, за вечера нема да добиеш ништо друго, вели Турунџиева.

Поинаква помош од нутриционистите

Речиси и да не памети кога, во скоро време, некој дошол да ѝ се обрати за симнување на килограмите, туку најчесто ги води некој здравствен проблем, посочува нутриционистката, па додава дека особено ѝ е драго што во последно време самоиницијативно конзилијарно се организираат тимски за да решаваат одредени здравствени проблеми. Гинеколози, имунолози, нутриционисти, затоа што знаат дека во интерес на таа индивидуа многу ќе помогне кога тимски се работи. Во тој поглед имаат навистина многу добри резултати особено кај оние жени што не можеле да реализираат бременост, но кога ќе се вклучат неколку стручњаци, кога заеднички секој во својата област го решава својот проблем онака како што треба – стручно, тогаш и тоа како има успех на крајот.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо
Се вчитува....