14:35 - 10 април, 2026

МНОГУ ВАЖНИ СОВЕТИ: Како да спречите инфекција на очите?

око

Исто како и проблемите со кожата и алергиите, инфекциите на очите се особено чести овој период, бидејќи има голема количина бактерии и вируси во воздухот.

Може да добиете конјунктивитис – „розово око“, или воспаление на очите. Може да се пренесе од едно на друго лице поради зголемување на концентрацијата на влага во воздухот. Обично се појавува црвенило, оток, исцедок, чешање и болка.

Хордеолумот е исто така инфекција која може да биде многу непријатна. Укажува на воспаление на жлездите кои се наоѓаат во внатрешноста на очниот капак. Постојат неколку совети кои ќе ви помогнат соодветно да ги заштитите очите.

Не заборавајте да ги миете рацете и избегнувајте да ги триете очите со прстите бидејќи содржат бакцили кои предизвикуваат инфекции. Никогаш не делете крпа или марамче со други луѓe.

очи

Никогаш не нанесувајте премногу шминка на пределот околу очите. Исто така, бидете внимателни кога носите вештачки трепки бидејќи бактериите се акумулираат околу лепилото. Многу луѓе што ги користат ги носат премногу долго или не ги отстрануваат доволно внимателно.

Не користете хемиски производи што можат да направат повеќе штета отколку добро. Пијте многу вода и следете го правилото 20-20- 20. Ова значи дека мора да земате пауза од 20 секунди на секои 20 минути за да го фокусирате погледот на нешто што е оддалечено од вас 20 метри.

Спиењето со контактни леќи во очите го зголемува ризикот од инфекција на рожницата наречена микробен кератитис. Дури и ако користите леќи што може да се носат подолго, треба да бидете свесни дека одењето во кревет со кој било вид леќи може да биде потенцијално опасно.

Користете капки за очи само како што ви е препорачано од вашиот лекар. Купувањето производи без рецепт во никој случај не се препорачува. Бидете внимателни и обидете се постојано да ги држите очите отворени.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....