10.8 C
Скопје
17:42 - 5 февруари, 2026

Mind detox: Време е за одмор од токсичните пријатели

Факт е дека присуството на токсичните луѓе во нашите животи само ја зголемува дозата на стрес и негативните мисли кои не окупираат. Но, сепак, понекогаш не сме ни свесни дека токсичните луѓе се толку блиску до нас.

Не е толку тешко да го препознаете лицето кое не ви се допаѓа, па дури и ако сте го сметале за многу блиско, морате малку да се одвоите од него, со цел да се напоите со позитива.

Постојат неколку особини на вашите „токсични“ пријатели, од кои барем на некое време ви е потребен одмор:

Постојано ги критикуваат другите

Наместо да поработат на себе и својот живот, токсичните личности секојдневно се занимаваат со другите. Тие се многу критични и склони без размислување да осудат нечии постапки, додека своите грешки ги занемаруваат, како никогаш и да не ги направиле.

Потребно им е постојано внимание

Без оглед дали се наоѓате во поголемо друштво или само вие разговарате, токсичните лица ќе сакаат константно внимание и нема да бидат подготвени да го сослушаат вашето мислење, за било која тема, што понекогаш знае да биде многу напорно.

Постојано се негативни

Токму поради тоа што постојано шират негативна енергија, повремено ви е потребен детокс од овие лица, за да се наполните со позитива. Луѓето кои сметаат дека ништо нема добро да се заврши, едноставно имаат проблем кои сами мораат да го решат. На вас е да не дозволите таа перспектива да стане и ваша точка на гледиште.

Не знаат за емпатија

Од своите пријатели очекувате разбирање и поддршка, меѓутоа, токсичните лица способни се да се разберат само себе.

Едноставно, времето поминато со вакви лица не може да биде квалитетно и затоа е време да земете малку пауза, со цел својот живот да го исчистите од негативните вибрации.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ официјално акредитирана како европски центар за третман на дебелина

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Тестаментот не се прави во криза, туку во мир

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо
Се вчитува....