7.8 C
Скопје
00:00 - 2 април, 2026

ЈАПОНСКИ НАУЧНИЦИ ДИЗАЈНИРАЛЕ СВЕТЛЕЧКИ МАСКИ: Детектираат коронавирус!

заштитна маска

Научници од Јапонија тврдат дека дизајнирале светлечки заштитни маски, кои помагаат да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирус, пренесува „Japan Тimes“.

Необичниот метод за откривање коронавирус го развил тим од Универзитетот во Кјото.

Експериментот бил спроведен со инјектирање неактивен и безопасен облик на коронавирус на ноеви, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ светлина кога е присутен коронавирусот.

По следење 32 заразени лица во период од 10 дена, научниците откриле дека сите маски што ги носеле заразените светкаат и бледеат со текот на времето како што слабее вирусот.

Претседателот на Универзитетот и водач на проектот Јасухиро Цукамото вели дека лично открил дека и самиот бил заразен со коронавирус носејќи една од експерименталните маски.

Планот на неговиот тим е да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од владата за продажба на маски уште следната година.

„Можеме масовно да произведуваме антитела од ној по ниска цена. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи“, рече Цукамото.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....