07:57 - 16 ноември, 2026

ИСТРАЖУВАЊЕ: Што би можело да ги мотивира луѓето поредовно да одат во теретана

фитнес

Кога ќе почнете со тренинзи, мотивацијата е на високо ниво, но за жал, повеќето луѓе за кратко време истата ја губат. Овој проблем е причината за едно ново истражување, кое ги утврди најдобрите начини за одржување на мотивацијата, пишува „Си-Ен-Ен“.

Во истражувањето учествувале 60.000 луѓе и нивните посети во теретана биле следени во период од четири недели. Едноставните програми кои ги охрабрувале луѓето однапред да планираат тренинзи се покажале како ефикасни.

Луѓето добивале пораки 30 минути порано во кои ги потсетувале дека е време за вежбање. 24-часовната фитнес сала за секоја посета нудила поени на „Амазон“ во вредност од околу 0,22 долари. Ова ја зголемило фреквенцијата на вежбање за 9 отсто.

фитнес

„Очигледно е дека сумата на пари е мала, но сепак ги мотивира луѓето редовно да одат во теретана. Секако, не мора да вежбате исклучиво таму, но промовирањето на трендот на вежбање ја зголемува фреквенцијата на одење во теретана за 24 отсто“, изјави Кети Милкман, автор на истражувањето.

Хедер Ројер, професорка на Универзитетот во Калифорнија, се согласува со тоа.

„Најдобрата тактика е да се наградуваат луѓето. Доколку сепак решат да се откажат од своите планови, малите награди треба да бидат доволна мотивација за да почнат повторно да вежбаат“, рече тој.

Слични објави

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо
Се вчитува....