19.3 C
Скопје
23:53 - 6 јуни, 2026

РЕБЕЛ ВИЛСОН ОТКРИ ДЕКА ДВАПАТИ БИЛА ЖРТВА НА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ: Не знаев што да правам, бев во непозната земја!

ребел вилсон

Актерката Ребел Вилсон откри дека била жртва на сексуално вознемирување во филмската индустрија, а објавила и дека нема намера во иднина да престане да зборува на оваа тема.

Вилсон тврди дека двапати била жртва на сексуалнo злоставување во почетоците на својата кариера, еднаш во Австралија и еднаш во САД. Првиот инцидент се случил во Австралија во нејзините 20-ти години, а во него бил вклучен еден „голем“ филмски режисер, за кој таа веќе зборуваше на својот твитер-профил.

„Мислев дека ќе имаме состанок и ќе разговараме за комедијата. Сепак, тој ми даваше се повеќе и повеќе алкохол, а јас, за среќа, не испив премногу. Тогаш му се јави сопругата, тој имаше еден од оние телефони кои кога некој ќе остави порака, може да се слушне преку звучниците, јас го слушнав сето тоа“, рече актерката. „Почна да вели: „Ребел е во твојата хотелска соба, ти ќе спиеш со неа“. Тоа беше првиот пат кога помислив: „О Боже, што е ова? Што се случува?“. Да не го слушнав нејзиниот глас на телефон, како вика преку телефонот, кој знае што можеше да се случи?“, изјавила актерката за „Би-Би-Си“, додавајќи дека ја грабнала чантата и ја напуштила собата, без никому да го спомне состанокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Другото непријатно искуство се случило години подоцна во Лос Анџелес. Актерката тврди дека неименуван актер ја повикал во неговата приколка каде што ги соблекол панталоните и барал таа да изврши сексуален чин врз него додека неговите пријатели чекале да го снимаат на нивните мобилни телефони.

„Бев во шок. Неговите пријатели се смееја и очигледно се согласуваа со тоа. Ова беше пред „MeToo“ движењето. Не знаев што да правам и бев во непозната земја“, рекла Вилсон, додавајќи дека таа сепак останала на тоа снимање, иако денес би постапила поинаку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Актерката неодамна се појави во јавноста откако ослабе 35 килограми, а откри и дека на почетокот на кариерата никој не сакал да ѝ додели улога поради вишокот килограми.

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....