16:46 - 5 декември, 2025

ИСТРАЖУВАЊЕ: Луѓето кои јадат повеќе млечни масти имаат помал ризик од срцеви заболувања

млеко

Луѓето кои консумираат повеќе млечни масти имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања отколку оние кои ги консумираат во помала мерка, покажува новата студија.

Меѓународен тим научници ја проучувале потрошувачката на млечни маснотии на 4.150 60-годишници во Шведска-земја со едно од највисоките нивоа на производство и потрошувачка на млечни производи во светот.

Тие го мереле нивото на одредени масни киселини во крвта, а потоа следеле во наредните 16 години колку од нив имале срцев или мозочен удар, како и колку од нив починале.

млеко

Истражувачите откриле дека луѓето со високо ниво на масни киселини, што укажува на висок внес на млечни масти, имале најмал ризик од кардиоваскуларни заболувања болест, како и еднаков ризик од смрт.

Тимот потоа го потврдил своето откритие со проучување на 17 други студии во кои биле вклучени речиси 43.000 луѓе од САД, Данска и Велика Британија.

„Нашето истражување сугерира дека од млечните маснотии нема никаква штета… Всушност, откривме дека оние со највисоко ниво на млечни маснотии имаат најмал ризик од кардиоваскуларни заболувања. Овие врски се многу интересни, но потребни ни се дополнителни студии за подобро разбирање на целосното влијание на млечните масти и млечната храна врз здравјето“, истакна еден од авторите на студијата, Мети Марклунд.

Кети Триу, истражувачка на Институтот Џорџ, истакна дека потрошувачката на некои млечни производи, особено ферментираните, претходно била поврзана со здравствените придобивки за срцето.

доручек

Млечните производи се богати со хранливи материи

„Сè повеќе докази сугерираат дека влијанието на млечната храна зависи од видот, а не од содржината на маснотиите. Нашата студија сугерира дека намалувањето на млечните маснотии или целосно избегнување на млечните производи можеби не е најдобриот избор за здравјето на срцето“, истакнува Триу.

Млечната храна може да биде богата со заситени масти, а исто така е богата со многу други хранливи материи и може и треба да биде дел од здравата исхрана.

„Меѓутоа, другите масти како оние што се наоѓаат во морската храна, оревите и други тропски растителни масла може да имаат поголеми здравствени придобивки од млечните масти“, додава Триу.

Брајан Пауер од ирскиот институт за технологија Слиго вели дека студијата ги охрабрува да го преиспитаат она што мислевме дека го знаеме за храната и болестите.

„Млечните производи не треба да се избегнуваат“, рече тој за „Си-Ен-Ен“.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....