10.8 C
Скопје
21:51 - 26 април, 2024

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали електронските цигари можат да ви помогнат да се откажете од пушењето?

е-цигара

Новото истражување покажува дека електронските цигари не им помагаат на луѓето да престанат да пушат, иако најчесто се препорачуваат како средство за откажување од истите. Научниците велат дека луѓето што ги користат овие уреди најверојатно ќе се вратат на пушењето редовно цигари по 12 месеци употреба.

Резултатите од студијата сугерираат дека луѓето кои престанале да пушат и се префрлиле на е-цигари или други производи од тутун, всушност го зголемиле ризикот од продолжување на пушењето следната година за 8,5 проценти во споредба со оние кои се откажале од секаков вид на производи од тутун.

девојка

Професорот Џон Пирс од Универзитетот во Сан Диего и еден од авторите на студијата истакна дека откажувањето од пушење е најважното нешто што пушачот може да го направи за да го подобри своето здравје, но доказите сугерираат дека преминот на е-цигари ја намалува веројатноста дека ќе престане да пуши во целост.

Истражувачкиот тим идентификуваше 13.604 пушачи во САД кои биле следени од 2013 до 2015 година за да ги истражат промените во употребата на 12 производи од тутун. На второто годишно следење, поранешните пушачи биле споредувани со оние кои се префрлиле на други видови помагала.

Групата поранешни пушачи – вклучително и корисници на е-цигари имале 8,5 проценти поголема веројатност да се вратат на обичните цигари.

 

е-цигара

Меѓу неодамнешните поранешни пушачи кои апстинирале од сите производи од тутун, 50 проценти поминале без цигари најмалку 12 месеци. Се сметало дека успешно престанале да пушат во споредба со 41,5 проценти од оние кои користат е-цигари или други помагала.

Студијата, објавена во списанието „JAMA Network Open“, е прва од ваков вид, велат истражувачите.

„Ова е прва студија која детално испитува дали преминот на помалку штетен извор на никотин може да се одржи со текот на времето без да се користат обичните цигари. Ако преминувањето на е-цигари беше остварлив начин да се откажете од пушењето, тогаш оние кои се префрлиле на е-цигари треба да имаат многу помали стапки на релапс од пушењето. Не најдовме докази за тоа“, вели професорот Пирс.

е-цигара

Една студија од 2015 година покажа дека електронските цигари не се подобри од никотинските лепенки или други уреди за да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето.

По еден месец од преминот од тутун, сепак електронските уреди им помогнале на пушачите да се ослободат од оваа навика. Но, три до шест месеци подоцна, тие повторно почнале да пушат. Уредите, исто така, предизвикаат негативни ефекти, вклучувајќи сува кашлица, иритација на грлото и отежнато дишење.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....