5.8 C
Скопје
03:02 - 27 април, 2024

Скопје евергрин/Гордана Јанакиевска, туристички работник: Матка под итно треба да се забрани за туризам!

Да се каже за Гордана Јанакиевска дека е туристички работник е малку, недоволно и не сосема соодветно. Таа е, и покрај децении минати во туризмот, се уште и туристички ентузијаст, секогаш подготвена за нови туристички авантури, отворена за идеи кои и самата ги има напретек. Во Скопје од Белград доаѓа на 14-годишна возраст, тука завршува гимназија и запишува архитектура. Но, по три години на Архитектонскиот факултет, го напупшта за љубов на туризмот во кој во меѓувреме работела и со кој се заразила. И од самиот почеток, без оглед дали работела во туристички агенции (Т.А. Центротурист, Т.А. Палас, Т.А. Свинг), учествувала во туѓи (www.exploringmacedonia.com, Ричард Бенгс во Македонија) или покренувала свои проекти (www,kingmarkolend.com, Здружение на граѓани Кингмарколенд, автор на Yutube каналот Непозната Македонија), или пак била ангажирана како советник за туризам (ЈП Јасен), па се со ден денешен работи на темата Македонија и Скопје. Автор е и на книгата “Скопје и скопски регион”, а во подготовка е и новата книга „Дали знаете – Македонија“, која е резултат на нејзиното посветено истражување и ажурирање на постови на оваа тема на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм и ЛинкдИн. Одличен е познавач на туристичките потенцијали на Скопје, Матка, Јасен, па и Македонија во целост. Ја поканив на разговор токму на овие теми.

10 години постоење на Кингмарколенд

Со години работиш на туристичката промоција на Македонија. Што го предизвика овој интерес? Какви се туристичките потенцијали на Македонија и на Скопје?

– Да започнав во 1970 и се уште сум окупирана со тоа на најразличен начин. Јас од самиот почеток работам исклучиво на темата Македонија. Предизвикот е веројатно доселувањето од Белград во Скопје 1965 и низ учење и дружење со феријалци, спелеоози и другари запознавањето со чудесни предели на земјата, од што со тек на време ми се јави желба тоа да го споделам со други. По гимназијата се запишав на Архитектонски факултет, а паралелно со студирањето почнав да работам во туризмот кој на крај стана моја животна определба.

Како промената на изгледот на Скопје (Скопје 2014) која некои скопјани ја критикуваат, а некои ја фалат, влијаела на интересот за туристичка посета на градот?

– За мене Скопје 2014 е позитивна промена. Многу пати сум го кажала примерот на Јустинијан: кога зборував порано за нега без визуелна можност, приемот на информацијата бил со преќутно сомничаво верување, но денес тоа е сосема поинакво доживување. Можеби спомениците се премногу концентрирани на мал простор, но тие кажуваат една богата историја која сега можеш како посетител и визуелно да ја доживееш и да се заинтересираш малку повеќе да истражуваш за Македонија

Според твоето искуство, кои локации во Скопје се најатрактивни за гостите однадвор: дали е тоа центарот или околината на градот, дали се црквите и културните споменици или пак Чаршијата и моловите?

– Интересот на посетителите зависи од староста, образованието и времето на престој, како и умешноста содржините да му ги пренесеш на соодветен начин на посетителот.

Гордана покрај малку познатиот релјеф на една од црквите на Матка

Си организирала и си учествувала на повеќе туристички (гастрономски, спортски, културни) манифестации низ Македонија. Каква манифестација му е потребна на Скопје за да привлече повеќе гости?

– Манифестации никогаш не се на одмет, моето здружение секој 18 мај организира „Денови на Крале Марко“. Лично мислам дека еден вид на преставување на заедници кои живеат во Скопје може да го покаже богатиот соживот и посетителите да го доживеат Скопје како богаството на култури. Инаку мене лично ми фали Музеј на земјотресот, кој би открил и еден друг живот на градот.

Кој е вкусот на Скопје, карактеристична скопска кулинарска понуда?

– Пак ќе се вратам на моето здружение, ние нудиме Кралемарко храна од негово време: нема компир, патлиџан, пиперка, и се’ она што потекнува од други континенти. Ќе се зачудите колку е тоа атрактивна храна. (заб.: компирот, доматот и пиперката потекнуваат од Америка и донесени се на европскиот континент откако Колумбо ја открил пред крај на 15 век, а Крале Марко живеел два века пред тоа).

Јавната чистота на Скопје одамна е еден од предизвиците со кои не можеме или тешко се справуваме. Што друго мислиш дека му недостасува на градот?

– Една од работите што не можам да ја разберам е непостоењето на агенција која ќе понуди разглед на Скопје со промотивен материјал исклучиво за Скопје.

Кога би била во позиција да одлучуваш, која би била твојата туристичка приказна за Скопје, каква тематска тура или тури би организирала?

– Од временски тури низ Скопје до, да речеме, ромски туризам за оние кои го гледале во филмовите за Скопје. Една од работите во мојата професија е да осмислувам понуди, а такви приказни во Скопје има напретек. Еве еден пример: посетата на Ричард Гир во времето на конфликтот 2001, со неговиот престој и рутата која при тоа тој ја поминал, би можела да биде добра туристичка понуда. Во светот таков вид тури се вообичаени, но кај нас се непознати.

Пештера во Кратовскиот крај

Долго се занимаваше со промоција на Матка како туристички локалитет, но велат дека сега е запуштена. Дали го делиш ова мислење и која е твојата фасцинација од Матка?

– Матка со ваков начин на „стопанисување“ денес под итно треба да се забрани за туризам. За еден кус период овој предел кој успеал да опстане низ различни климатски периоди ќе стане само кањон кој ја изгубил природната вредност по која е познат во цел свет.

Во Матка постојат и се знаат локации на десетина цркви кои главно се од 14 век, а самиот кањон е природен резерват на флора и фауна од тропскиот период, која успеала да го преживее леденото доба и да се зачува како таква во својата изворна форма. Многу земји би сакале да имаат таква атракција, а многу биолози од светот доаѓаат да го видат и доживеат тоа чудо и не им е јасен нашиот однос кон тоа место од кое вегетацијата буквално се раширила низ Европа по леденото доба. Имав можност лично да го доживеам тоа и да ми го кажат многу врвни имиња во оваа област од речиси цел свет.

Час по возење кајак кај Лазе Поповски

Си работела на промоција на локалитетот Јасен, кој се наоѓа во близина на Скопје, но зошто Јасен се уште не привлекува туристи?

– Во Јасен го осознав неговиот богат биодиверзитет и како таков да го понудам како тура, која многу добро почна да функионира, но за жал со новата влада и нивната политика овој предел повторно стана затворен и достапен само за привилегирани поединци.

Една од твоите пасии е собирање интересни приказни и непознати податоци за Македонија и Скопје. Дали планираш да ги објавиш како книга?

– Тоа започна со идејата како тематски да не се повторувам на социјалната бизнис мрежа Линкедин, со тема „Дали знаете“ без некои посебни амбиции, но многу бргу достигна 30.000 луѓе кои ме пратат. Истовремено артистот Тони Наумовски иницираше тоа да го печатиме како книга. За таа цел тој отвори пост за собирање на пари за печатење на книгата, а наскоро му се придружи и дијаспората. Ќе видиме како конечно ќе ја реализираме идејата, дали тоа ќе стане книга или веб страна. По иницијатива на луѓето овие објави почнаа да се објавуваат и на другите социјални мрежи, со што достигна посетеност од преку 60.000 посетители и предизвика многу коментари и благодарност од публиката за информациите кои дотогаш не ги знаеле. Денес тоа ми стана рутинска секојдневна работа.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....