10.8 C
Скопје
23:41 - 3 април, 2026

ИМАТЕ НЕПРИЈАТЕН ОСИП И ЦРВЕНИЛО ПОД ГРАДИТЕ? Проверете да не имате интертриго!

Настанувањето на црвенило кое е придружено со чувство на печење и чешање на интертригинозните подрачја почесто се појавува кај дебелите луѓе, малите деца, лицата што интензивно се потат и кај заболените од дијабетес.

Интертриго може да се појави во кој било период од годината и независно од возраста, а се јавува многу често. Влажните делови од кожата што меѓусебно се тријат, предизвикуваат создавање кожни повреди во форма на дамки, а така иритираната кожа е склона на инфекции и габички.

Вообичаени места на кои се појавува:

– Пазувите

– Кожните набори под градите

– Подрачјето на гениталиите

– Местата помеѓу прстите

– Набори на кожата на стомакот

Симптоми на интертриго:

– Црвено-кафеав осип

– Сува, чувствителна или влажна кожа на одредени места

– Непријатен мирис

– Испукана кожа

Каде уште може да се појави?

Интертриго може да појави на кое било место каде што кожата се допира, а кај децата најчесто се појавува во облик на пеленски осип.

– помеѓу ножните прсти

– препоните

– под градите и стомакот

– задникот

Ако сте забележале симптоми, обратете се кај вашиот лекар кој, исто така, може да утврди дали станува збор и за инфекција.

Што го предизвикува овој осип?

Овој воспалителен процес може да го предизвикаат и да го влошат многубројни фактори, а тие вклучуваат:

– влага

– топлина

– недостаток на циркулација на воздухот

– триење на кожата

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....