06:32 - 10 јануари, 2026

Домашен сируп кој ќе ве спаси од настинките и грипот

Не давајте непотребно пари за скапи лекови и препарати против настинка, бидејќи самите можете да направите сируп кој е многу поефикасен од кој било лек.

Времето е променливо, а со тоа настапуваат и досадните настинки. За овој народен лек ви се потребни само три состојки, а можете да го направите многу лесно и брзо.

Подготовка:

Исецкајте лимон и ѓумбир на кришки и ставете ги во мала тегличка така што ќе оставите малку простор на врвот, а потоа прелијте ги со мед, така што ќе ја наполните тегличката. Потоа, оставете ја во фрижидер да отстои со цел состојките взаемно да си ги разменат квалитетните состојки.

Сирупот можете да го консумирате директно – една кафена лажичка пред појадокот или можете да го пиете со природен сок или пак со оладен чај, така што ќе го додадете во вашиот омилен чај откако тој малку ќе се олади, со цел да не се уништат корисните материи во топлата вода од чајот.

Овој сируп има антибактериско дејство и е неверојатно ефикасен против настинките и грипот. Особено е делотворен за отстранување на болки во грлото, а оние кои го пробале велат дека ниту еден лек не може да се спореди со него.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога и зошто прв ортопедски преглед кај новороденчето

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Еспресо

Новости во Клиника „Жан Митрев: Бесконтрасно коронарно стентирање

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст
Се вчитува....