-2.2 C
Скопје
06:06 - 11 март, 2026

ДЕТЕТО ВИ ПРАВИ СЦЕНИ ВО МАРКЕТИ? Оваа мајка има одличен трик за вас!

дете

Како што се наближува празничната сезона, повеќето родители ја имаат прифатено веќе американската традиција да полнат празнични чорапи и да редат подароци под елката. Сепак, детските изливи на бес во маркетите се скоро неизбежни во куповите бесконечен избор.

За среќа, оваа мајка сподели генијален метод за одвлекување на вниманието на децата

Кристина Вотс на „Фејсбук“ го сподели својот „најневеројатен родителски трик досега“, кој вклучува едноставно фотографирање на играчката што вашето дете ја сака.

ДЕТЕТО СИ ЈА УДРИ ГЛАВАТА? Трик што мора да го знае секој родител

Кристина објасни дека само ја фотографира својата ќерка како го држи подарокот што го сака, а потоа го „испраќа на Дедо Мраз“ за да ѝ го донесе за Божиќ. Наместо тоа, таа ја зачувува фотографијата во нејзиниот телефон или ја проследува до секој што планира да купи божиќен подарок за нејзиното дете.

– Нашите патувања беа многу поболни во овој период од годината. Играчките се насекаде и секако моите деца сакаат сè. Се разбира, јас би сакала да имам слатки, добро воспитани, скромни, мирни деца, кои не бараат сè… но немам.

Кристина тврди дека оваа техника отсекогаш функционирала. „Тоа е магично. Без солзи. Без гнев“, се пофали таа.

Иако советот на Кристина е локализиран за периодот на новогодишните празници, нејзиниот трик може да го искористите секојпат кога сметате дека вашето дете е неразумно во барањата за купување.

РАСТЕЊЕ СО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ: Помал ризик за алергии, децата ќе бидат поактивни од нивните врсници

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....