1.8 C
Скопје
05:52 - 22 јануари, 2025

Д-р Галина Наќеска, специјалист дерматовенеролог: Акните ја напаѓаат и самодовербата на тинејџерот

Во најголем број случаи, главниот проблем што го создаваат акните е од психолошка природа, а се одразува на намалена самодоверба и депресија.

Едни од најчестите кожни болести се акните. Се појавуваат кај двата пола, а можат да се појават на која било воздраст, но најчесто ги напаѓаат адолесцентите, за кои претставуваат не само здравствен, туку и естетски проблем.

Појавата на акни е толку честа што зафаќа 85 отсто од младата популација. Почетокот на појавувањето на акните може да биде од 10 до 17 години кај девојчињата и од 14 до 19-годишна возраст кај момчињата, но не е исклучено да се појават и кај бебињата и повозрасните луѓе.
Акните се хронична воспалителна болест на пилосебацеалната структура на кожата (влакнен фоликул и лојна жлезда).

Фактори за појава на акни се:

– Мултифакторијална генетската предиспозиција
– Хормонален дисбаланс на (половите хормони)
– Присуството на бактерии во лојната жлезда

Сите горенаведени фактори на крај водат до воспалителен процес на кожата кој резултира со појава на акни.
Најчеста локализација се челото, образите, носот, брадата, а може да се појават на вратот, рамената и на градната регија.

Форма на акните според тежина

– Слаба форма
– Умерено тешка или средна
– Тешка форма на акни

Проблемот со акните, особено во пубертетот, може да доведе до психичко оптоварување поради нарушен естетски изглед и повлекување во себе, асоцијално однесување и депресија. Во најголем број случаи, главниот проблем што го создаваат акните е од психолошка природа, а се одразува на намалена самодоверба и депресија. Акните обично се појавуваат во текот на пубертетот, кога младите луѓе и инаку се склони на несигурност.

Поради тоа, младите бараат начин сами да го решат проблемот и често се случува своеволно да се лекуваат, па не е реткост заедно со своите родители да бараат помош и да талкаат долг временски период и по препорака на нестручни лица да аплицираат локални препарати, да прават хемиски пилинзи па дури и орално да користат колагенски препарати и на 14-годишна воздраст, што воедно е загрижувачки.

Лекување

Апелирам до сите со оваа патологија да побараат стручно мислење и преглед од лекар дерматовенеролог.

Лекувањето на акните вклучува користење на ретиноиди (локално и преку уста), системски и локални антибиотици.

Терапијата е различна и се ординира според шема, протокол за лекување во зависност од формата на акните.

Лекувањето на акните трае од 3-6 месеци, со редовни месечни контролни прегледи кај лекар дерматовенеролог, поради нусефектите од системската терапија и резистентноста на локалната антибиотска терапија.

Лекарот е тој што треба да направи проценка кога да се започне со хемиски пилинзи, каков да биде пилингот – површински или длабок, и кога да се вклучи ласерка терапија во целокупниот третман на акните.

Иако процесот на лекување е бавен, резултатите по соодветно ординирана терапија се секогаш добри!

На крај, задоволството е големо и заемно, и кај пациентот и кај лекарот.
Со видните резултати и регресија на кожните промени се враќа и самодовербата на личноста.

Д-р Галина Наќеска, специјалист дерматовенеролог
ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво „Железара“ Скопје

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....