Пролетниот период, а посебно наглите климатски промени доведуваат до ослабување на имунитетот. Затоа периодов е идеален за конзумирање на природни продукти кои ќе ви помогнат во зајакнувањето на имунитетот.
Ѓумбир
Ѓумбирот се употребува во традиционалната кинеска медицина со векови. Тој помага кај луѓето кога имаат диареа, при гадење и настинки. Исто така ѓумбирот се препорачува и за намалување на крвен притисок. Истражувањата покажуваат дека овој плод може да помогне при лошење на бремени жени, да смири лошење после хемотерапија. Докажано е исто така дека има антиоксидантно дејство, кое помага на организмот да се бори против бактериите кога сме болни. Ѓумбирот можете да го дададете во некое јадење или да го користите како чај.
Канела
Исто така канелата како зачин е многу корисна за нашиот организам. Таа се користи како зачин во некои пикантни јадења, а се додава и во слатки задоволства. Канелата е антиоксидант кој е многу добар за нашиот имунолошки систем. Според некои истражувања канелата има антибактериско дејство и помага во „отпушувањето“ на крвните садови. Канелата помага и во намалувањето на шеќерот во крвта и се препорачува за луѓе со висок ризик за добивање на диабет. Додавањето на канелата во секојдневната исхрана не би требало да е тешко. Можете да ја додадете во овесните снегулки, или пак во вашето омилено кафе, а секако и во омилените колачи.
Камилица
Камилицата е билка која е позната по многубројните придобивки. Најчесто кај нас се конзумира како чај. Камилицата делува на нашиот организам смирувачки. Ако се чувствувате омалаксено, без енергија или пак сакате да заспиете полесно напијте се од волшебниот чај на камилица.
Лимон
И лимонот се вбројува во листата на корисни продукти за нашиот организам. Иако не е ниту билка ниту зачин многу често знаеме да го „зачинеме“ јадењето со лимонот или да си го освежиме чајот. Лимонот има антибактеријално и антивирусно дејство. Тој има големо количество на Витамин Ц кој е корисен за кожата и може да ни помогне во надминувањето ан настинката. Лимонот можете да го користите како додаток во салата, во супа, во чај, така добивате подобар вкус и подобар имунитет.
Мед
И медот не е билка ниту зачин но секогаш кога се чувствуваме настинати го додаваме во чајот. Медот се смета за „Супер храна“ и е една од најсилните природни лекарства. Има антимикробно дејсво и затоа помага во смирување на упорната кашлица.
Тој е богат со антиоксиданти и може да го намали ризикот од срцев удар и дури и од некои видови на рак. Медот содржои и состојки кои помагаат во намалување на холестеролот.
Бидејќи е со сладок вкус, можете да го користите наместо шеќер во подготовката на вашите слатки задоволства.
Куркума
Куркумата е уникатен зачин. Кој помага во исфрлувањето на токсините од организмот. И придонесува за врзување на црвените крвни садови. Можете да ја додадете во јадењето и да добиете прекрасен мирис но и вкус, а пред се корисна храна за оргазнимот.
Мајчина душица
Многу често мајчината душица како билка е подценувана, но таа е полна со полезни медицински и кулинарски придобивки. Направените истражувања покажуваат дека има добар ефект против бронхит и други вируни респираторни заболувања, посебно кај деца. Други истражувања покажуваат пак дека мајчината душица помага во зајакнување ан имунитетот и намалување на воспаленија.
Лук
Лукот се смета за најсилните помошници на имунолошкиот систем. Се нарекува уште и „природен антибиотик“. Истражувањата покажуваат дека лукот помага да се намалат симптомите на настинка и грип и помага во борбата против инфекции од вируси и бактерии. Искоритете ги благодатите на лукот и започнете да го користите во јадењата.