-1.2 C
Скопје
04:44 - 22 ноември, 2024

Ѕвездата од „Stranger Things“ помина низ тешка операција! (ФОТО)

Ѕвездата од серијата „Stranger Things“ Гатен Матаразо (17) како што пишуваат странските медиуми, во петокот правел операција каде што отстранил 14 дополнителни заби. Младата актерска надеж изјавила дека постапката траела дури 4 часа и дека се поминало во најдобар ред.

Станува збор за клеидокранијална дисплазија, односно ретко генетско пореметување кое влијае на растот на забите и коските. Матаразо рекол дека има повеќе заби од просечната личност иако не растат правилно.

View this post on Instagram

Though my expression in this picture may not show it, the surgery was a complete success?. This was such A big one, it may be the last one I need. Hopefully at least. Those who suffer from Cleidocranial Dysplasia usually have Supernumerary teeth, which are extra teeth that grow in the gums. I’ve had several surgeries to extract these teeth from within my gums and help expose the teeth that should have already grown in considering my age. In this surgery, the team of amazing medical professionals extracted 14 supernumerary teeth and exposed six of my adult teeth. I was under for four hours. My recovery for the past few days has been great and I can’t thank the team that did the surgery enough. Thank you all for your kind wishes and prayers. It means a lot. Again, if you’d like to learn more about Cleidocranial Dysplasia, you can go to ccdsmiles.org. Thanks again everyone

A post shared by Gaten Matarazzo (@gatenm123) on

Во постот на Инстаграм тој им пренел на своите 13 милиони следбеници дека поминал низ голема операција. Тој се надева дека операцијата била успешна и дека воедно е неговата последна.

„Иако мојот израз на оваа слика можеби не покажува, операцијата беше потполн успех“, објаснил Матаразо на фотографијата на Инстаграм каде што има завој околу целото лице што му е отечено.

Клеидокранијална дисплазија, позната и како CCD, погодува едно од милион деца и може да се пренесе од родител или да биде предизвикано од несумична мутација, наведува CCD Smiles, непрофитабилната организација со која Матаразо работи. Пред 3 години актерот јавно проговори за својот проблем.

„Тоа е состојба во која сте родени без своите клучни коски – немам ниту една – тоа влијае на растот на вашето лице и влијае на вашите заби. Од таа причина немам ниту еден заб – на ова место се лажни – имам заби, но сите ми се млечни“, рекол тогаш актерот.

Иако станува збор за конгенитално пореметување, Матаразо рекол дека е првиот во семејството кој го има тоа. Но, тоа значи дека тој таа состојба може да ја пренесе на своите деца.

„Затоа, сакам само да се подигне свеста за тоа, луѓето да знаат дека тоа не е нешто од кое треба да се плашат да го покажат“, смета тој.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....