8.8 C
Скопје
19:23 - 30 март, 2026

Жељко Митровиќ стави катанец на „Задруга“: Го потврди крајот на реалното шоу

Сопственикот на српската ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, изминатиот викенд влезе во „Задруга“ за да разговара со учесниците во реалното шоу.

Неговиот влез ги изненади сите. Големиот шеф направи преседан и влезе во Белата куќа за прв пат во сите шест сезони за да направи сериозен разговор со учесниците во реалното шоу, а пред милиони гледачи.

Тој ги извести учесниците за одлуката на продукцијата дека веднаш ќе бидат дисквалификувани доколку влезат во каква било физичка пресметка.

Освен тоа, Митровиќ соопшти дека не е сигурен дали во иднина ќе се емитува реалното шоу на телевизија Пинк. Тоа во што е сигурен, е дека ова е псоледна сезона на „Задруга“ и дека доколку повторно се емитува реално шоу, тоа ќе биде сосема поинаку осмислено и сосема во нова форма.

– Ќе седнеме, моите најблиски соработници и јас, и ќе видиме дали воопшто во иднина ќе имаме реално шоу, а ако воопшто го имаме, тоа ќе биде во сосема нов облик и нова форма, па така ќе бидете познати по нешто, што не е мала работа, а тоа е дека ќе бидете последна генерација на ова реално шоу. Значи, реков, нула толеранција на физички контакт, ќе ви пропаднат сите хонорари, ќе си одите со нула надвор – рече сопственикот и директор на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....