14:56 - 1 април, 2026

Жаре има супер-емисија: Судиската двојка Начески, Николов и пејачката Антониа Гиговска гости во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Пејачката Антониа Гиговска и познатата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

Гиговска раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“.

Taa запеа дел од нејзината омилена балада на која се вљубила во Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.

Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.

– Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог – е едно од нивните искуства.

– Таму навивачите се тепаат, се колат, се маваат со патики – рекоа Ѓорѓи и Славе низ насмевка.

Тема на муабет беа и домашните натпревари, но и тепачката на Начевски со Веселин Вујовиќ пред многу години. Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.

Фото: Промо

– Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо“, рече Начевски.

Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.

Во продолжение, погледнете една од интересните приказни од ЕП во Келн на Начевски и Николов, каде што му беа досудени чекори на Карачиќ и најавата за емисијата.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....