3.8 C
Скопје
20:55 - 20 декември, 2024

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА КАТЕРИНА РАНГЕЛОВА: Од страниците на книгите прави нова уметност, стари класици или нови дела, омилените книги можат да добијат сосема друга димензија!

Ве запознаваме со Катерина Рангелова, млада ракотворка која изработува вистински ремек дела користејќи ги или виткајќи ги страниците на книгите. Техниката се нарекува „бук фолдинг“ (book folding) и е препознаена во светот. Катерина со изработка на овие ракотворби започнала сосема непланирано.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

– Започна пандемијата, а со тоа и ќерката не посетуваше градинка, па јас останав дома. Морав да најдам начин за да ја преточам мојата креативност во дела, започнав да пребарувам на интернет и една слика на вакво изработено дело ми го привлече вниманието. Прочитав многу за да научам како се прави сето тоа и решив и јас да направам една книга. Страници во вид на срце е моето прво дело кое сè уште си го чувам. Со изработка на срце почнав, па продолжив со изработки на животни, предмети, имиња – вели Катерина.

Стари класици или нови дела, омилените книги можат да добијат сосема друга димензија, односно да се трансформираат во украсни дела.

– Оваа техника вклучува и сечење на страниците, но јас сакав да го избегнам тоа. Потребна е книга со дебели корици, со поголем број на страници, некаде над 250 страници. Го изработувам прво самиот дизајн, со некои апликации, потоа специјален софтвер ми ги дава точките на превиткување. Откако ќе ги имам точките на превиткување, проверувам дали е се како што замислувам или посакувам да изгледа и ако е се во ред, преминувам на обележување и превиткување на страниците – објаснува Катерина.

Книгата која ја трансформира Катерина најчесто е стара книга која наместо да биде фрлена или едноставно да фаќа прашина некаде на полицата, истата таа може да го краси домот како една уникатна изработка.

– Кога почнав да ги правам изработките очекував да ме критикуваат љубителите на книгите, но тоа не се случи. Досега немам ниеден негативен коментар. Сепак страниците може повторно да се одвиткаат и книгата да си ја има првобитната функција и состојба. Љубител сум на книгите и знам како е кога некој ќе ја уничти книгата и затоа го избегнав делот каде што се сечат страниците. Книгите најчесто ги набавувам јас на старо, ретко се случува да ми донесе некој книга за изработка. – објаснува Катерина.

Времето кое го посветува зависи од она што треба да го добие како краен резултат, односно бројот на страниците кои треба да ги превиткаат.

– Најмногу време одзема изработката на имиња. Ако станува збор за полесна изработка, внимание посветувам во просек околу два часа. Најмногу сакам да ги изработувам две букви и срце на средина, тие и најмногу ми ги бараат. Зборот дом на англиски, како подарок за вселување во нов дом, а најинтересно ми беше кога правев заб, подарок за дипломиран стоматолог.

Катерина некогаш се обидува да додаде некои детали во изработката на книгата.

– Знам да додадам нешто на самата изработка користејќи стари каталози, списанија, пластични или гумени детали, повторно рециклирам нешто. Сакам да истражувам нови техники на изработка, но поврзани со книгите или хартијата. Овие изработки се навистина добро прифатени од луѓето и тоа ме мотивира да продолжам – објаснува таа.

Со овие ремек дела на Катерина полиците со книги можат да изгледаат уште поубаво. Можеби ова  е совршениот подарок за љубителите на книги.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....