3.8 C
Скопје
20:13 - 20 декември, 2024

Занимливости за СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ: Колку жени, вили и деца навистина има, колку „тежи“ и како се збогатил

Името Силвио Берлускони постојано одекнува на политичката сцена и во меѓународните озборувања. Но, што навистина знаете за животот на поранешниот премиер на Италија. Ви носиме повеќе занимсливости.

Силвио Берлускони е роден во Милано, во хороскопскиот знак Вага, на 29 септември 1936 година, како најстариот син на семејство од средна класа. Има сестра Марија Франческа Антониета (која почина во 2009 година) и брат – Паоло Берлускони.

Дебитираше како претприемач во градежниот сектор и го стави својот потпис на една од историските холдинг компании во италијанското сценарио: Фининвест.

Во 1993 година Берлускони ја основа мултимедијалната продукциска компанија која стана комуникациски гигант, Медиасет. Тој беше, истовремено, и мозок на политичкиот подем на партијата Форца Италија. Беше за првпат избран за сенатор во 2013 година и четири пати премиер (1994, 2001-2005 и 2005-2006, 2008-2011).

Детство

Детството Силвио Берлускони го поминало во областа Долна Варезе, помеѓу Сароно и Ломацо, во времето на германската окупација. Неговиот татко Луиџи Берлускони три години не бил присутен во семејството бидејќи нашол засолниште во Швајцарија. Роза Боси, неговата мајка, работела во групацијата Пирели.

Приватен живот- сопруги, деца и нови љубови

Првата сопруга на Берлускони беше Карла Елвира Лусија Дал Ољо, со која се ожени во 1965 година и со која има две деца: Марина Берлускони (1966) и Пјер Силвио Берлускони (1969).

Вториот брак е со актерката Вероника Ларио (вистинско име ѝ е Миријам Бартолини), венчани во 1990 година. Имаа торјца познати кумови на свадбата – Кракси, Федел Конфалониери и Џани Лета.

Од вториот брак Силвио има три деца: Барбара (1984), Елеонора (1986) и Луиџи (1988).

Во 2012 година започна процесот на развод на милионерот со огромен публицитет и жестоки кавги меѓу бившите сопружници околу алиментацијата за децата која требаше да ја плаќа Берлускони.

Истата година, поранешниот премиер започна врска со шоу-девојката Франческа Паскале – дури 49 години помлада од него! Врската веднаш се најде на „ударните вести“. Таа, родена 1985 година, стана негова партнерка по потонувањето на вториот брак.

Врската заврши со официјално соопштение, во март 2020 година. Подоцна, со слична разлика во годините во животот на Силвио ќе влезе уште една убавица Марта Фашина, со која минатата сабота направи „симболична“ свадба.

Која е Марта Фашина?

Жената што тој ја замени за Франческа Паскале се вика Марта Фашина. Родена во 1990 година, во Мелито ди Порто Салво (Реџо Калабрија), од него помлада 54 години!

Во 2018 година таа беше запишана на листата на партијата Форца Италија како нејзин член, и беше избрана за заменик во областа Кампанија 1.

Наследството на Силвио Берлускони

Силвио Берлускони е еден од најбогатите луѓе во светот. Според магазинот Форбс, во 2018 година тој се најде на 5-то место во Италија и на 190-то место во светот, со проценет личен имот од 8 милијарди долари. Во 2009 година, истото престижно списание го рангираше на 12-то место на листата на најмоќни луѓе на планетата.

За свое најважно наследство ја смета неговата резиденција во Аркоре, односно познатата Вила Сан Мартино.

Берлускони поседува вила во Антигва, една во Порто Ротондо (Вила Сертоса), Вила Белведере во Мачерио (онаа во која живее поранешната сопруга, Вероника Ларио), Вила Гернето во Лесмо (ставена на продажба во 2018 година), Вила Дуе Палме во Лампедуза, Вила Коренти во Леса, на езерото Маџоре.

ЗАНИМЛИВОСТИ

– Низ светот е познат како „Кавалиере“, прекар што му го дал Џани Брера по почеста Кавалиере дел Лаворо добиена во 1977 година. Силвио Берлускони се откажа од таа почест во 2014 година.

 

– Диплома за класична гимназија стекнал во Лицејот Сан Амброџо во Милано. Тој е дипломиран правник со почести. Не секој го знае ова, но неговата теза по Трговско право била наградена со 500 илјади лири!

-Во 2020 година се зарази со Ковид-19, но асимптоматски.

– Како првородено дете во семејството, бил ослободен од воениот рок, кој тогаш бил задолжителен.

– Во неговата политичка кариера има направено рекорд: со 3.340 дена на чело на владата беше премиер со најдолг мандат во историјата на Република Италија.

– Тој беше единствениот светски политички лидер кој присуствуваше на 3 самити на Г7 и Г8 како премиер на земјата домаќин.

– Од случајот Ноеми до случајот Руби, има бројни сексуални скандали во кои е вмешан.

– До 2013 година, официјалната резиденција на Берлускони беше во Аркоре (Монца). Од таа година, таа беше преместена во Палацо Грациоли (Рим).

– Обвинет е во над 20 судења, а во 2013 година е осуден на 4 години затвор за даночна измама со дополнителна казна – забрана за вршење јавна функција во траење од 2 години.

– Со казната од 2013 година тој ја загуби функцијата сенатор, со што ја прекина својата парламентарна активност по речиси дваесет години.

– Профилот на Инстаграм на поранешниот „Кавалиере“ (Витез) е полн со кадри што го прикажуваат задлабочен во неговата политичка и телевизиска активност.

– Покажува нескриени симпатии кон телевизиската водителка, глумица и писателка Барбара Д Урсо. Берлускони лично бил заинтересиран да испрати хеликоптер од Трст за да ја пренесе Барбара во болницата Сан Рафаеле во Милано, по болеста во 2017 година.

– За време на итната состојба со коронавирус, тој донираше 10 милиони евра.

Здравјето на Силвио Берлускони

На 19 март 2019 година, Силвио Берлускони беше подложен на итна операција во болницата Сан Рафаеле во Милано поради ингвинална хернија. Во оваа болница тој има свој личен лекар на кого му верува, професорот Зангрило.

Помеѓу март и април 2021 година, тој уште двапати беше хоспитализиран во Сан Рафаеле во Милано.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....