17:03 - 9 ноември, 2026

ВЕТЕРИНАР ХЕРОЈ: Со три конвои спасил над 200 мачки и 60 кучиња од војната во Украина

Јакуб Котовиц е ветеринар од Полска кого многумина го сметаат за херој бидејќи патува ширум Украина и ги спасува животните кои се нашле во средиштето на воените зони. Јакуб досега спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов.

32-годишникот минатата недела влегол во воената зона како дел од конвојот од Пшемишл на полската граница.

Меѓу животните што ги спасил се и Вира, куче кого куршум го погодил во ‘рбетот и мала коза со деформирани нозе, по име Саша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fundacja ADA (@fundacja.ada)

Котовиц се надева дека ќе ја вдоми козата, која сега го дели удобниот кревет со неколку кучиња.

Ветеринарот веќе 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите животни во војната.

Вели дека се надева дека ќе купи уште едно возило и ќе формира прифатилиште за животни покрај складиштето за пакување залихи.

Раскажа и како две мачки веќе стигнале кај своите вдомителни семејства кои се надвор од Украина.

„Сите домашни миленичиња се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и границата ја минавме со дипломатска карта, но колоната од Украина беше многу долга“, вели ветеринарот.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....