9.8 C
Скопје
13:24 - 1 април, 2026

Забраната за абортус во САД е само почеток; судијата Томас најавува забрана за контрацепција, истополови бракови…

Кларенс Томас сигнализира нови цели за врховниот суд, по забраната за право на абортус во САД.

принтскрин

Вознемирувачки е коментарот на судијата Кларенс Томас (74), избран во Врховниот суд за време на мандатот на Џорџ Буш во 1991 година, според кого забраната за абортус е само почеток.

Томас го пишува во официјално соопштенение своето мислење: „Меѓу идните случаи ќе ги разгледаме и другите претходни пресуди на Судот, вклучувајќи ги Гризволд, Лоренс и Обергефел“.

Во превод тоа би значело: Највисокиот судски орган се подготвува да интервенира за пристапот до загарантирана контрацепција на брачните парови (1965 Griswold v. Connecticut); за некривичното казнување на секс меѓу хомосексуалците (2003 Лоренс против Тексас) и конечно за легитимноста на истополовите бракови (2015 година, Обергефел против Хоџис).

Зборовите на Томас го вознемирија целиот прогресивен табор и, се разбира, ЛГБТ заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови).

Томас беше поддржан за забраната на абортусот од тројцата судии поставени од Доналд Трамп: Нил Горсуч, Брет Кавано и Ејми Барет.

Што ќе се случува во САД со забраната за абортус: Новите закони најнеправедни за сиромашните жени, големите компании застануваат зад правото на своите вработени

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....